Home / аларм / Флуорот во водата предизвикува нервни пореметувања!

Флуорот во водата предизвикува нервни пореметувања!

Големо истражување на научниците од Харвард довело до резултати кои покажуваат дека „можно е изложеноста на флуор да влијае врз невролошкиот развој кај децата“. Истражувањето било објавено на 20 јули во Environmental Health Perspectives и во зборникот US National institute of Environmental Health Sciences. Флуорот се додава во водата во САД со цел да се намали кариесот кај децата без оглед на тоа што многу студии до сега покажале дека тој има огромно штетно влијание врз општото здравје кај луѓето. ЕУ забрани да се додава флуор во јавниот водовод, но ако ги погледнете етикетите на водата во пластична амбалажа ќе видите дека во нив веќе извесно време се додава флуор.

mozok brain_scan02Понатаму, ЕПА, тврди дека хемикалијата флуорид предизвикува невротоксичност. Единствен извор за ова истражување била водата (не се правени истражувања врз другите најчести извори како што е пастата за заби) со висока количина на флуор. Меѓутоа научниците кои работеле на ова истражување истакнуваат дека истражувањето (Гинга 2011) покажало дека и помали количини на флуор имаат негативни последици врз интелегенцијата на децата.

Чои и соработниците пишуваат: „Иако флуорот може да доведе до невротоксичност кај животни и акутно труење со флуор доведува до невротоксичност кај возрасни, многу малку се знае за неговите влијаниа врз невролошкиот развој кај децата“.

„Бесмислено е да ги изложуваме децата на овој експеримент кој се спроведува за да се задоволат политичките агенди на поедини интересни групи“, вели правникот Пол Бибер, претседател на NYSCOF.

cesma voda1„Дури и ако флуоридацијата го намалува кариесот, што е поважно – здравјето на забите или здравјето на мозокот? Време е политиката да се тргне на страна и да се престане со расправијата за ова“, изјавува Бибер.

По прегледот на токсиколошките податоци на флуорот, NRC уште во 2006 година говорела за штетното влијание на флуорот врз мозокот.

Чои и неговите соработници пишуваат „флуорот лесно ја преминува плацентата. Изложеноста на флуор на мозокот во развој кој е многу поосетлив на токсини отколку возрасниот мозок, веројатно може да доведе до рајно оштетување на мозочните функции“.

Флуоридот се акумулира во организмот па дури и повремени мали дози влијаат штетно врз бебето, штитната жлезда, лугето кои страдаат од бубрезите и лицата кои пијат многу вода. И покрај тоа што научниците зборуваат дека флуоридацијата е неопходна, постојат бројни докази кои го отфрлаат сомнежот за ефикасноста на флуорот.

Законодавството во Њујорк веќе покренало постапка флуоридацијата на водата за пиење да се прекине, а многу други заедници тоа веќе одамна го сториле.

Инстант формулата која се меша со флуоридираната вода содржи 100 до 200 пати повеќе флуор од мајчиното млеко.

Истражувањата кои се спроведени со цел да се докаже негативното дејство на флуорот поопширно може да ги разгледате ОВДЕ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top