Доколку земате лекови за смалување на притисокот, антидепресиви, лекови за лечење на ракот, за срце, или антибиотици, од исхраната исфрлете го грејпфрутот во сите облици.
Како што предупредуваат канадските експерти од Универзитетот Онтарио, грејпфрутот во комбинација со 43 врсти на лекови, може да предизвика труење, па дури и смрт.
Ова овошје содржи хемикалии кои ги спречуваат ензимите да ги разградуваат поедини хемикалии во цревата, поради што ефетктот од лекот, може двократно, па дури и трикратно да му наштети на организмот.
Последиците од пиењето или јадењето на грејпфрут во комнинација со овие лекови, вклучуваат и внатрешно крварење, промена на срцевиот ритам, оштетување на бубрегот и изненадувачка смрт.
Од повеќе од 85 лекови, кои не се препорачуваат да се земаат со грејпфрут, 43 можат да имаат смртоносни последици.
„Една таблета со чаша сок од грејпфрут, може да биде еднаква на доза од десет таблети со чаша вода.
Луѓето не веруваат во тоа, но може да се докаже.
Вашата терапија може да стане вистински отров само поради сокот“, порачал лидерот на истражувачкиот тим Дејвид Бејли.