Home / природен лек / Еве зошто МОРА да јадете Урми

Еве зошто МОРА да јадете Урми

Еве зошто треба да јадете барем седум урми дневно – тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое ги зајакнува телото во целина а особено срцето. Исто така се погодни во намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи.
Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната.

urmi1Во минатото урмите се нарекувале и  „лебот на пустината“, а потоа научниците докажаа дека ова овошје има и голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 проценти јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави.

Листовите од урмините палми се тестирани дека се погодни како био-монитори за одредување атмосферско загадување со тешки метали. Имено, во неколку различни студии, содржината на тешки метали на измиени и неизмиени листови од урмино стебло, од различни места, покажувале различен степен на загаденост а тоа се користи за одредување на количеството на тешки метали во атмосферата.

Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се почесто на пазарите може, покрај сувите, да се најдат и свежи плодови од ова овошје. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум.

Palm_Dates

Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии.

Оксидансите од урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак, тогаш најмногу се искористуваат добрите состојки.

Лек за сексуална ослабеност

Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце. Како и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија.

И постарите ќе се извлечат корист од овој сируп, бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините.

Урмите за трудници

Medjool-dates-010Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето.

Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести.
Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни, исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.

Храна и медицина за децата

urmi6Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден.
Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите.

Постои приказна дека порано им ги триеле непцата на новороденчето со добро изџвакана урма. Науката потвдрила дека давањето на шеќер растворен во вода го обезбедува детето, новороденчето со потребната хранливост и го подобрува нивниот имунитет. Бидејќи шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, се смета дека е најпогоден за новороденчиња.

Су­ви ур­ми про­тив не­со­ни­ца

urmi2Су­ви­те ур­ми се иде­ал­ни во ис­хра­на­та за оние што се за­ни­ма­ва­ат со ин­те­лек­ту­ал­на ра­бо­та, заш­то ги пот­тик­ну­ва­ат мен­тал­ни­те ак­тив­нос­ти и кон­цен­тра­ци­ја­та. Во слу­чај да ве ма­чи не­со­ни­ца, изе­де­те пет ур­ми и ќе зас­пи­е­те ка­ко бе­бе. Пло­до­ви­те се бо­га­ти со ви­та­мин Б5, со маг­не­зи­ум, кал­ци­ум и со дру­ги ми­не­ра­ли. Мо­же да ги ком­би­ни­ра­те со мус­ли и да пра­ви­те вкус­ни ко­ла­чи.
Ефективна терапија за тврда столица (констипација)

Урмите се користат при проблеми со варењето и со цревата и воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција. Тие се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп.

2506887-Dates_on_the_palm_tree-DubaiИдеална храна за оние кои се на диета 

Намалувањето на чувството за глад а последователно и намалување на количината на консумираната храна е карактеристика на урмата, исто така е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin – restive) е најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото.

Широката разноликост на хранливи елементи во урмите ги прават да заситуваат! Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да конзумира поголеми количини на масти и шеќер.

Така, лечењето со користење на неколkу урми кога се чувствувате гладни помага во намалувањето на гладта и се чувствувате полни. Урмите ќе го обезбедат телото со потребниот шеќер и ќе го стимулираат интестинот кој го намалува гладот и консумацијата на храна.

Лек против воспаленија

Урмите се лек за црниот дроб и го ослободуваат од токсини, Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка.

8595palm_datesЛек против затруеност

Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени и носат брзо олеснување.

Урмите низ бројкиИмајќи висока медицинска и хранлива вредност урмите се најдобра храна за иднината. Урмите содржат 88% јагленохидрати (скроб), (2,5-5%) масти, (2,3-5,6%) протеини и (6,4-11,5%) витамини и диететски влакна. Внатрешниот дек содржи (0,2-5%) масло, додека семето содржи 7,7-9,7% масло.urmi5Урмите содржат витамин А, Б1 и Б2, а содржат и флуорин кој се бори против расипувањето на забите. Други минерали се јавуваат во различни количини како бор, калциум, кобалт, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфати, фосфор, натриум и цинк. Семето содржи алуминиум, кадмиум, хлориди, олово и сулфур во различни пропорции. Селенот, елемент за кој се верува дека користи во превенцијата од канцер и е битен во имунолошките функции, исто така се наоѓа во урмите.

Инте­ре­сни факти•
Мла­дите листови на палмата се јадат како зелен­чук.
Иако, нив­ното отстра­ну­вање ја суши палмата;
• Во југо­и­сточна Шпа­нија, урмите полнети со пржени бадеми се слу­жат завит­кани во сланина;
• Во многу земји, од ста­рите листови на палмата се изра­бо­тува облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top