Прочитајте ги следниве работи кои го оштетуваат вашиот мозок и доколку можете, обидете се да смените некои од вашите секојдневни навики.
Појадок – лицата кои не појадуваат редовно, го намалуваат шеќерот во крвта
Прејадување – прејадувањето предизвикува задебелување на артериите во мозокот.
Пушење – го смалува мозокот и може да доведе до Алцхајмерова болест.
Внесување премногу шеќер – со тоа се прекинува апсорпцијата на протеини и хранливи материи во мозокот.
Загаден воздух – на мозокот му е потребно најмногу кислород, а вдишувањето загаден воздух штетно влијае на него.
Недоволно спиење – со спиењето мозокот се одмара, а долгорочната ненаспаност неверојатно штетно влијае на мозокот.
Покриена глава за време на спиењето – никогаш немојте да ја покривате главата додека спиете, затоа што така се вдишува многу повеќе јаглерод диоксид, што може да доведе до оштетување на мозокот.
Напорна работа за време на болест – доколку сте болни или само малку настинати, а морате да работите, особено психичка работа, може да доведе до оштетување на мозокот.
Недостаток на мозочна стимулација – доколку недоволно ја стимулирате работата на мозокот, ризикувате негово оштетување.
Ретко зборувате – доколку не зборувате многу често, мозокот станува помалку ефикасен и се намалува интелигенцијата
Денешен