Home / алтернативна медицина / Еве на какви болести укажуваат акните на различните делови од телото

Еве на какви болести укажуваат акните на различните делови од телото

Местоположбата на акните по лицето и телото зборува многу за нашата здравствена состојба и поточно за кој систем или орган станува збор.

Читањето на знаците е едноставно, замислете го телото како карта и дефектите како белези на тој пејсаж. Местата во различните зони одговараат на различни проблеми.

Интересно нели? Подолу во текстот е опишано како се декодираат проблемите на основните делови на телото.

hitportal-akni1Зона 1: Хормони

Акни на брадичката и вратот сигнализираат дека имате проблем со надбубрежната жлезда, но причина за нивна појава може да биде и силен стрес како и прекумерна конзумација на шеќер.

Зона 2 и 3: Стрес

Акните на рамениците се знак дека сте преоптоварени, и со намален имунитет. Намалете го темпото, најдете слободно време и опуштете се!

Зона 4: Дигестивниот систем

Акните на градите најчесто се сигнал дека нешто не е во ред со системот за варење на храната или пак дека претерувате со нездрава исхрана. Сменте го режимот на исхрана и набро акните ќе исчезнат.

Зона 5 и 6: Ниво на витамини

Ова е знак дека на вашиот организам му недостасуваат витамини. Ние ви препорачуваме да не конзумирате витамински таблети, бидејќи многу студии покажале дека вештачките витамини го немаат истиот ефект како витамините што ги добиваме од овошјето и зеленчукот.

Зона 7: Ниво на шеќер во крвта

Кога акните ќе се појават на стомакот, најчесто тоа се должи на високо ниво на шеќер во крвта. Исклучете ја белата шеќер и белиот леб од вашата исхрана, јадете повеќе зеленчук и овошје, па акните набрзо ќе исчезнат.

Зона 8: Хигиена или полово преносливи болести

Лошата хигиена може да биде причина за појава на акни во оваа зона, но уште полошо е ако се работи за брадавици кои се симптом на сексуално пренослива болест, особено ако освен акните има и чешање. Посетете лекар!

Зона 9 и 10: Проблеми со кожата или алергии

Акните на бедрата и горниот дел на нозете најчесто се реакција на козметички препарати или детергенти. На долниот дел од нозете акните најчесто се појавуваат поради бричење или депилација. Внимавајте какви производи употребувате.

Зона 11 и 12: Нервниот и дигестивниот систем

Специјалистите сметаат дека акните во оваа зона сигнализираат дека вашата исхрана е богата со висококалорична храна, или не добивате доволно сон…што би можело да е причина за преоптоварување на мозокот.

Зона 13 и 14: Проблеми со дигестивниот систем

Акните на оваа зона од телото се повторно знак за проблеми со дигестивниот систем односно конзумација на нездрава храна.

Вашата кожа се обидува да комуницира со вас од името на вашите внатрешни органи. Затоа следниот пат кога ќе ви се појават акни погледнете ја картата не телото и дознајте што треба да смените во однос на вашите животни навики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top