Home / алтернативна медицина / Еве кој индиски зачин што лечи

Еве кој индиски зачин што лечи

Куркума

Овој зачин можете да го употребите во многу специјалитети, бидејќи има слаб вкус. Погоден е за оние кои не сакаат премногу зачинета храна.

Медицинска намена:  делува против воспаленија.

kurkumaКардамон

Кардамонот се нарекува и мала зелена бомба, бидејќи кога ќе го гризнете се случува експлозија од вкусови во вашата уста. Обично се користи како засилувач на вкусот на десерти или чај.

Медицинска намена: ја подобрува работата на дигестивниот систем.

Цимет

За оние кои сакаат специфични јадења, додавањето цимет ќе ја задоволи нивната потреба. Циметот се употребува во слатки и солени рецепти. За целосно да го почувствувате неговиот вкус, најдобро е пред да го ставите како зачин во вашиот оброк, малку да го загреете на масло.

Медицинска намена: го регулира нивото на шеќер во крвта и ја зголемува вашата енергија.

cimet1383355427_thumb_medium490_0Кумин

Овој зачин најчесто се користи за маринирање на месо. Ако сакате да експериментирате со вкусови, следниот пат кога ќр готвите пилешки стекови наросете ги со кумин.

Медицинска намена: го подобрува варењето и имунитетот.

Мелен црвен пипер

Црвениот пипер се употребува како додаток во многу готвени јадења. Различни видови на црвен пипер имаат различна лутина, па во зависност од тоа колку луто сакате таков пипер изберете.

Медицинска намена: Спречува главоболки и го намалува нивото на холестерол.

gjumbirЃумбир

Ѓумбирот најчесто се употребува како зачин во мелена форма. Има специфичен вкус и мирис.

Медицинска намена: спречува настинки и воспаленија на грлото.

Каранфил

Каранфилот Најчесто се употребува како додаток во варено вино, а во Индија се употребува и како зачин во безброј јадења. Можете да го ставите во чај доколку имате болки во грлото.

karanfil

Медицинска намена: ја намалува болката и ги убива бактериите.

Кориандер

Овие малечки кафени, округли семиња имаат јаткаст вкус. Индијците преферираат сами да ги ронат овие семиња, наместо да го купат како зачин од продавница, бидејќи вкусот избледува брзо откако ќе се сомелат.

Медицинска намена: го регулираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат холестеролот.

Ladybook

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top