Home / Болести и лечење / Еве како да препознаете сончаница, изгореници, топлотен удар

Еве како да препознаете сончаница, изгореници, топлотен удар

Изгореници

Дејството на топлотното и ултравиолетовото зрачење со интензитет поголем од дозволеното се нарекува изгореница или Комбустија. Изгорениците кој ќе зафатат од 12 до 15% кај возрасни луѓе или 5 – 8% кај деца – се опасни по живот бидејќи постои опасност патофизиолошките промени во организмот ( појавата на шок) да завршат со смртни последици и затоа се препорачува хоспитализација.

povrede sportista kod opekotine od suncaизгореници од сонце – последиците од делувањето на сонцето се еритем и пигментација. Еритем се јавува после неколку часа откако ќе забележите симптоми црвенило, болна кожа, повишена температура на кожата како и на телото. За превенција се користат Antihistaminici се користат потоа седативи и аналгетици. Пигментацијата се јавува во два облика и тоа директна погментација која се јавува веднаш по сунчањето и секундарна која се јавува по појавата на еритемата.

За да се заштиттие од сончеви изгореници освен познатите совети да ја подготвувате кожата за изложување на сонце постепено, препораките да не се излегува во периодот од 10 до 17 часот ќе се сосема доволни да ве заштитат

Малите изгореници – кај нив не е потребна хоспитализација, а единствена задача на лекарот е да ги отстрани причинителите. Односно треба да ги испочитува само 5 основни правила за прва помош при вакви случаи за да не дојде до компликации. А тоа се мерки за превенирање на бактериска инфекција, да не се создаде сува површина на пределот на оштетеното место, контрола на ендемите и санација на изгорениците. Доколку се става завој тоа мора да е посебен завој за изгореници.

Не смее да се користи ништо масно, за да се спречи создавање на бактерии. Се што ќе се стави на изгореницата мора да е цисто и стерилно – доколку не сте сигурни дали тоа што го имате при рака треба да го употребите тогаш лекарите препорачуваат дека е подобро ништо да не ставите. Обидот да се излекува изгореницата несоодветно само може да ја искомплицира работата.

drink_waterПравила за прва помош при изгореници –

Местото се става под млаз ладна вода од 3 до 5 минути. Ова спречува појава на везикули. На самата газа ( посебна за изгореници) треба да се направат неколку дупки за полесно да се суши и да се затегне со завој.

големи изгореници – потребна е итна хоспитализација за да се избегне појавата на шок. местото прекријте го со голема чиста газа, физиолошката температура на телото мора да се одржува – прекријте го лицето со прекривка ( опасно е и ладење,но и греење – не користете ќебиња) да се спречи дехидрацијата  треба да се дава течност полна со електролити – на секој час по 200 мл течност, но внимавајте треба да распоредите така да не е повеќе од 5 литра во период од 24 часа.

Со аналгетици се спречува повредениот да падне во шок поради силните болки.

Сончаница

покачена темпертура, главоболка, несвестица, крварење од носот, забрзано дишење, пад на крвнипт притисок, проширени зеници, цијаноза, и во најтежок случај кома. Повредениот веднаш тргнете го од директна изложеност на сонце сместет го во ладна и темна просторија. Раскомотете го и ставјте му ладни облоги по целото тело- а најмногу по вратот, зглобовите на рацете и нозете. Внимавајте да не влезе во дехидртација. Контролирајте го.

povrede sportista kod toplotnog udaraТоплотен удар

Најподложни се малите деца и бебињата поради слабата развиеност на центарот за терморегулација па ним е потребно да им се посветува дополнително внимание и грижа. Треба да внимавате да не го преегреете вашето дете со облека и прекривки.

Симптоми се забрзан пулс, нестабилен крвен притисок, површно и забрзано дишење, повишена температура обично околу 38 степени, лицето и вратот се црвени, слузницата е воспалена, има појачана секреција, благи ендеми на рацете и нозете, главоболка од пулсирачки карактер, општа исцрпеност на целото тело.

Дијагнозата дека пациентот има топлотен удар се поставува врз основа на следните сиптоми.

– губење на свеста

– зголемена ректална температура 41 степен, некогаш и повеќе

Мора веднаш да се засолни пациентот на ладовина, притисокот мора да се одржува со инфузија бидејќи нискиот притисок се јавува кај шокот и ако потрае временски може да го оштети бубрегот. Да се внесуваат големи дози на бикарбонати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top