Кога неочекувано ќе се повредиме, првото и најважно нешто е да се дезинфицира раната и да го запреме крварењето.
При мали повреди има некои трикови кои можат да ви бидат од помош кога немате риванол или алкохол. Запаметете ги!
Ставете од лут црвен пипер на раната и тој ќе го запре крварењето. Слојот од црвен пипер околу раната ќе обезбеди сигурно зараснување и нема да остави лузна.Црвената пиперка содржи витамин Ц, витамин Б6, витамин Е, калиум, манган и флавоноиди и е одлична за ублажување на болка при воспаление.
Исто така може да се запре крварењето на внатрешните рани ако испиете чаша топла вода измешана со лажичка црвен лут пипер.Без разлика дали крварењето е внатрешно или надворешно, оралната конзумација на лажичка црвен пипер во чаша врела вода брзо ќе Ви помогне.
Кантарион
Оваа неверојатна билка е антисептик и помага за лекување на раните. Подгответе си напивка од билката и приложете ја како компресор на раната. Ова ќе помогне и за побрзо нејзино заздравување.
Вазелин
Балсамот има восочна текстура и кога ќе се примени врз лесни исекотини, може да го блокира протокот на крв и да помогне во нејзиното згрутчување.
Солена вода или сол
Мислата дека врз раскрварената рана треба да се стави сол, нè тера да чувствуваме болка без дури и да сме се повредиле. Всушност солта ја помага апсорпцијата на растечена крв, но исто така е и добар дезинфициенс и може да го намали ризикот од појава на инфекции. Може и да ја исплакнете раната со солена вода. Таа се препорачува како прво средство при крварење.
Паста за заби
Пастата за заби може да ја аплицирате по бричење на оние места на кои имате мали рани. Таа има адстрингентно дејство и ги стеснува крвните садови.