Морковот содржи каротeн – елемент кој во организмот се преработува во витамин А, богат е со витимин Е и со целулоза која делува добро на варењето на храната.
Морковите се познати со богатата содржина на неопходниот минерал калиум кој го спречува развојот на гастрит.
Во народната медицина морковите се препорачуваат како секојдневна храна на болните од ревматизам, а делуваат позитивно и кај пациентите со дијабет.
Од морковите може да се приготви вкусен и лековит сируп – на две чаши свежо исцеден сок од морков се додава една чаша кафеав шеќер и се вари се додека смесата не се згусне.
Уште додека е врел сирупот се става во суво стаклено шише или тегла и се чува на суво и темно место. Овој лековит пијалак се консумира во текот на зимските месеци против бронхит, настинка или ангина, по неколку лажици на ден.