Home / природен лек / Домашни лекови за затнат нос и синуси

Домашни лекови за затнат нос и синуси

Затнатиот нос е чест термин кој се користи за проблематичната назална конгестија, која ако не се третира рано ќе резултира со синусни проблеми, па дури и блокада на носот и неколку сериозни проблеми.

sinusiПричините за затнатиот нос можат да бидат вируси, зголемена носна мембрана, алергиски реакции и уште неколку други, кои ако не се решат во најран стадиум сигурно ќе бидат многу непријатни за било кој поединец. Ова се неколку совети како да се справите со оваа појава, честа за овој период од годината.

Подобрете го вашиот имунолошки систем со витамини и билки

Во некои студии докажано е дека витаминот Ц го скратува времетраењето на настинката и ги намалува симптомите- сепак, не влијае директно на затнатиот нос. Па, доколку се борите со оваа состојба, земањето на екстра витамин Ц може да ви помогне побрзо да ја победите настинката. Но, ако вашиот затнат нос е поврзан со алергии, витаминот Ц нема многу да ви помогне.

Пијте топли напитоци

Топлите течности ја опуштаат назалната конгестија, спречуваат дихадрација и ја смируваат непријатноста од воспалената мембрана која ги поврзува вашиот нос и грло. Тука спаѓаат природните чаеви како камилица, нане или мајчина душица, и топлата пилешка супа.

Правете често инхалација

Борбата со настинка или грип може да доведе до дехидрација, па многу луѓе користат навлажнуваќи или испарувачи на воздухот за да го опуштат затнатиот нос. Најдобро решение е честата инхалација „зачинета“ со благи билки кои помагаат да се опушти слузот во носот.

Лук

Лукот делува како природен анти-вируен лек, кој е доста користен во третманите за вирусни инфекции. Тој содржи лут вкус кој ја ослободува секрецијата и помага да се исцедат носните канали и со тоа дишењето е поудобно. Исто така, помага во зајакнување на имунолошкиот систем кога се конзумира редовно. Тука помагаат и други лути вкусови, како зачинетата храна, ѓумбирот, кромидот, биберот.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага во чистењето на затнатиот нос поради истенчувањето на слузот и брзо ги цеди синусите, доколку се зема чист без додатоци.

Масло од еукалиптус

Маслото од еукалиптус е еденод најефикасните домашни лекови за ублажување на затнатиот нос. Ставете неколку капки од етерично масло од еукалиптус на шамивче или мало парче ткаенина и вдишете го неговиот мирис. Исто така, можете да ставите малку на вашата перница со цел полесно да дишете за време на спиењето.

Мед

Конзумирањето на мед (2 лажички) редовно може многу да помогне за затнатиот нос. За подобри резултати може да се конзумира 2-3 лажички мед во топла вода, или топло млеко.

Лимон

Мешавината подготвена од сок од лимон (2 лажички), бибер (1/4 лажичка) и малку сол околу носната област, може да помогне во лекување на симптомите на затнат нос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top