Home / Болести и лечење / Доколку често имате херпес – еве што го причинува!

Доколку често имате херпес – еве што го причинува!

Болестите што предизвикуваат паѓање на имунитетот влијаат врз појавата на херпес. Стресните периоди, како психички, така и физички, можат да предизвикаат херпес, а неретко се појавува и кај жените за време на менструација.

herpes3На оваа болест и претходат трнци, чувство на напнатост, јадеж, за неколку дена подоцна да се појават меурчиња полни со бистра течност кои се обликуваат во некој вид на грозд.

Херпесот потоа почнува да чеша и да пецка, а бистрата течност ја заменува матна. Тоа е најризичен период, затоа што со прстите може да се пренесе на очите или пак на други луѓе. После пет до седум дена меурчињата пукаат и на тие места се создаваат крастички, после што личноста веќе не е заразна.

При лекувањето, најважно е одржувањето на хигиена. Не го делете приборот з ајадење или чашите со други затоа што е херпесот заразен. Обратете се кај лекар и дознајте како на најдобар и најбрз начин да ја излечите оваа болест и да дознаете на што да обрнете внимание во иднина за да ја спречите појавата на херпес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top