Симптоми на алергиска реакција
Симптомите зависат од тоа на кој начин алергените влегуваат во телото. На пример, поленот се вдишува преку нос, обично предизвикува симптоми во носот, очите, синусите и грлото.
Позната реакција на полен е алергиски ринитис, или поленска грозница. Од друга старна, алергијата на храна предизвикува проблеми во стомакот и цревата. Симптомите може да бидат:
Најчести алергени:
– Полен
– Животни како мачка, куче, глувци
– Храна како јајца, соја, млеко, кикирики
– Лекови
– Убоди од инсекти
Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни. Таквите нешта се нарекуваат алергени. Реакцијата на алергиите обично создава воспаление кое предизвикува различни симптоми, како настинка, грозница, течење на секрет од носот, астма и многу други.
Во здравиот организам антителата го штитат од вируси, бактерии и инфекции. Кај алергичните лица имуолошкиот систем погрешно сфаќа одредени алергенци како непријатели и почнува да создава антитела за да се одбрани од нив.
Таквите антитела, кои се нарекуваат имуноглобил Е, се поврзуваат со мастоцитите кои во изобилство ги има под површината на кожата, во носот, во очите, бели дробови и во гастроинтестиналниот тракт.
Кога антителата ќе го пронајдат алергентот, ги предизвикуваат мастоцитите да создаваат хемикалии. Тоа предизвикува алергиска реакција. Алергиската реакција може да се случи одма или по неколку часа.