Општо познато е дека една чаша вино по ручек е добро за човечкото здравје.
Но, доктор Кари Поиколаинен, кој работи за Светската здравствена организација веќе со години го проучува влијанието на алкохолот на човечкото тело и дошол до заклучок дека алкохолот е штетен само ако секојдневно се консумира во поголеми количества.
Овој експерт тврди дека дневно можете без страв да испиете 2,5 литри пиво или едно шише вино.
Исто така, верува дека за здравиот е подобро да се испие и малку повеќе од препорачаното количество, отколку да се биде тотален антиалкохоличар.
– Доказите упатуваат на тоа дека умереното консумирање на алкохол е подобро за здравјето отколку да не се пие воопшто, но исто така прекумерното пиење е многу полошо од апстинирањето. Но, дозволени се поголеми количини од она што вообичаено се препорачува, односно без страв можеме да испиеме повеќе од една чаша дневно, рече Поиколаинен за “Дејли Мејл”.
Веднаш потоа се јавија и други експерти кои го тврдат спротивното: алкохолот е штетен и со неговото консумирање повеќе му штетиме отколку што придонесуваме за здравјето.