Home / природен лек / Диња за – Проблеми со притисок, бубрези, болки..

Диња за – Проблеми со притисок, бубрези, болки..

Постојат три доволни причини да јадете диња: освежува, не дебели, и содржи многу витамини и минерали. Дињата содржи многу вода (91%), а има малку повеќе шеќер, па затоа не им се многу препорачува на дијабетичарите. Содржи и 1% растителни влакна, масти, протеини и сложени јагленохидрати. Во 100 gr. диња има само 34 kcal.

dinjaДињата посебно им се препорачува на лицата со висок крвен притисок.

Растителните влакна од дињата го подобруваат варењето на храната и помагаат во намалувањето на телесната тежина.

Водата и калиумот од ова овошје помагаат во работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот.

Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ги оштетуваат клетките на кожата. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници.

И еве еден народен лек: Облози од сок од диња се користат за намалување на болката. На болното место се става одлог од исцеден сок од диња или од изрендана диња.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top