Home / аларм / Дезинфекција во вашиот дом – еве на што мора да внимавате

Дезинфекција во вашиот дом – еве на што мора да внимавате

Повеќето од нас никогаш не размислуваме колку долго ја имаме штицата за сечкање, или перниците, дури и четката за коса. Иако тие можеби изгледаат доволно чисти и употребливи, овие навидум невини предмети од домаќинството, всушност, во себе можат да кријат потенцијални штетни бактерии доколку се користат премногу долго, без оглед колку често се чистат.

Дрвени лажици

cistenje22Дрвото е попорозно од пластиката или од металот, па поради тоа е поподложно да пренесува микроби и бактерии, објаснува Џон Оксфорд, професор по вирусологија на „Бартс“ и Лондонската болница. Бактеријата, која посебно е застапена во кујната, е ешерихија коли, вообичаено кај свежото месо или кога децата имаат слаби хигиенски навики. Тоа може да доведе до тешко труење со храна.

Дрвените лажици не ставајте ги во машина за миење садови, особено не на редовна основа, бидејќи можат да пукнат и со тоа да бидат засолниште за бактериите. Наместо тоа, потопете ги во средство за дезинфекција околу половина час, а потоа измијте ги со топла вода и детергент.

Замена: По пет години, но и порано ако дрвото пукне или ако некој дел омекне или потемни, бидејќи тоа би можело да значи дека дрвото скапува и задржува бактерии.

Четки за заби

cetkicki-zabi-1-640x396Истражувачите укажуваат дека низа сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви болести, мозочен удар, атритис и хронични инфекции, можат да се поврзат со „нехигиенските“ четки за заби. Студија на Универзитетот од Манчестер покажа дека просечна четка за заби содржи околу 10 милиони микроби, вклучувајќи и висок процент на потенцијално фатални бактерии, како што се стафилококи, стрептококи, ешерихија коли и кандида. „Не се гледа насобирањето на микробите, но може да се забележат искривените и скршени влакна од четкичката на кои се засолнуваат бактериите, објаснува д-р Чарлс Фербер, стоматолог од Вимпол стрит.

Замена: На секои три месеци.

Крпи во бањата

Треба да се перат еднаш неделно на 90 степени за да се уништат бактериите Staphylococcus aureus, кои можат да се пренесат од вашата кожа на крпата. Вообичаено се бенигни, но може да предизвикаат инфекција доколку дојдат во контакт со рана, а можат да живеат и на суви површини.

Замена: Може да се користат на неодредено време доколку се перат на високи температури без оштетување.

Перници

spalnaСосема нова перница двојно ја зголемува тежината за три години, благодарение на остатоците од прав што се насобираат во неа. Тоа би можело да ги влоши болестите поленска треска, егзема или астма, особено бидејќи лицето ја допира перницата и се вдишуваат остатоците, објаснува професорот Џин Емберлин, директор на „Алерџи Јунајтед Кингдом“. Остатоците од прав, исто така, ги прават луѓето поподложни на ринитис (воспаление на носот) и синуситис (воспаление на синусите). Перењето на перницата ќе помогне и тоа треба да се прави на неколку месеци, на 60 степени, најмалку 20 минути. Доколку имате астма или алергии, треба да користите хипоалергенски перници, кои вообичаено се прават од пена.

Замена: Секои две години.

Четка за коса

kosa pagjanje hairЕдна влакно од косата може да содржи 50.000 микроби, а четката за коса може да придонесе за тоа. Четките можат, исто така, да собираат остатоци од продуктите на косата, кои можат да станат лепливи и да привлекуваат прав. „Ние, исто така, имаме многу бактерии на кожата, а она што влијае на едно лице може да не влијае на друго“, додава д-р Ендрју Рајт, консултант-дерматолог при болницата „НХС фондејшн траст“ во Бредфорд. Така, болестите, како што е импетиго – заразна инфекција на кожата, која вообичаено предизвикува меури или рани на лицето, вратот или рацете, може да се прошири од едно на друго лице доколку користат иста четка. Четките треба да се мијат во топла вода со детергент секоја недела и да се остават да се сушат.

Замена: На секои четири години, но и поскоро доколку се оштетат влакната на четката, бидејќи можат да го гребат черепот и да предизвикаат ширење на потенцијални инфекции.

Патики

Инфекциите со мувли и габи можат да се развијат во патиките, особено кога се чуваат во топла, темна средина, како што е гардеробер или плакар под скалите. Една неодамнешна студија покажа дека во старите патики има сто пати повеќе мувла отколку во тоалет. Патиките можат да се отфрлат, бидејќи материјалот се троши со нивна употреба и може да доведе до притисок за стапалото, објаснува Мајк О’Нил, консултант-педикир во болницата „Принцес Грејс“ во Лондон и портпарол на Колеџот на педикири. Патиките треба да се перат еднаш месечно со студена вода и дертегент и да се остават природно да се сушат.

Замена: Еднаш годишно или на секои поминати илјада километри.

Четки за тоалет

Не е многу пријатен предмет за под микроскоп, но четката за тоалет со искршени или лабави влакна или онаа што покажува знаци на истрошеност нема ефективно да ја исчисти шолјата за да се отстранат бактериите, објаснува професор Оксфорд. Истрошените четки можат, исто така, да предизвикаат распрскување и ширење на валканата вода од тоалетната шолја по ѕидовите или наоколу шолјата. Бактериите се шират кога се допираат тие површини.

Замена: Меѓу шест месеци и една година.

Сунѓери/ткаенини во кујната

cistenje44Топлиот, влажен и порозен изглед на сунѓерите во кујна ги прави идеален терен за одгледување бактерии. Во такви услови една бактерија може да се размножи во над четири милиони за само осум часа. Поради тоа, сунѓерите се 200 пати повеќе нападнати отколку лавабото. Студија од Универзитетот во Аризона покажа дека повеќето сунѓери во кујните содржат голем број бактерии, како што е ешерихија коли и салмонела. Тие, исто така, лесно шират микроби наоколу, бидејќи се преместуваат од една на друга површина.

Обидете се различни ткаенини да користите за различни употреби – една за работните површини, а друга за садовите. Ткаенините треба да се перат во машина за перење на висока температура, најмалку 90 Целзиусови степени, а силните хемикалии од таблетите за машината за садови треба да ги убијат бактериите, смета професор Оксфорд. Сунѓерите треба да се стискаат и да се потопуваат во средство за дезинфекција, а да се плакнат во топла вода, толку топла што дури не можете да ја ставите раката.

Сепак, уште поефикасен начин да се уништат микробите е сунѓерите да се стават во микробранова печка. Студија на Универзитетот од Флорида утврди дека две минути во микробранова печка на највисока температура убива или деактивира повеќе од 99 отсто од сите живи бактерии во сунѓерите од кујната. Истражувачите сметаат дека топлината, а не зрачењето, ги уништува бактериите. Бидејќи микробрановите печки работат со поттикнување молекулите на вода, подобро е во печката да се ставаат влажни наместо суви сунѓери.

Замена: Секој месец, или да се користат крпи за една употреба.
(Дејли мејл)

Правосмукалки

Истражувачите од Универзитетот во Аризона неодамна утврдија дека 50 отсто од испитаните четки на правосмукалките содржат фекални бактерии; а 13 отсто потенцијалната фатална бактерија ешерихија коли. По секоја употреба, четката треба да се испрска со средство за дезинфекција, бидејќи траги од бактерии можат да преживеат пет дена во правосмукалката откако ќе се испразни. Во правосмукалките со кеси за една употреба развојот на бактериите е поголем, се вели во студијата, затоа можеби ќе сакате да пробате варијанта без кеси. Додатоците треба да се чистат најмалку еднаш неделно со миење во топла вода со детергент или, во спротивно, тие микроби можат да се пренесат на материјалот за тапацирање или на мебелот и да се соберат при допир.

 

Резервоари за вода

Резервоарите за чување вода треба да се одржуваат чисти за да се спречи талог и бигор, бидејќи тие се поволни услови на кои можат да се развијат бактерии, како што е Acanthamoeba, бактерија што може да доведе до загуба на видот и е причина зошто леќите не треба да се мијат во вода од чешма. Резервоарите треба да се чистат и да се дезинфицираат најмалку двапати годишно. Дополнително може да се направи темелно чистење со празнење на резервоарот, отстранување на талогот, триење на ѕидовите и дезинфекција што треба да се прави на неколку години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top