Home / сведоштва / Децата во Турција нема да се вакцинираат ако родителите не сакаат

Децата во Турција нема да се вакцинираат ако родителите не сакаат

Уставниот суд на Турција оцени дека децата нема да може да се вакцинираат без согласност на нивните родители бидејќи тоа му противречи на Уставот, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

vakcinaПретставници на судот објаснија дека доколку не се направи законска измена за прашањето на задолжителната имунизација, нема како бебињата и децата да примат вакцина без нивните родители да дадат согласност.

Судот утврди дека таквите дејствија му противречат на Уставот бидејќи ги пркршуваат членовите за неприкосновеност на личноста и за основните права и слободи.

Одлуката на судот има карактер на преседан. Таа доаѓа во момент кога се зголемува бројот на родителите кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани врз основа на сознанијата дека вакцините не се безбедни или дека соддржат свинска крв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top