Овој моќен минерал е многу важен за паметњето, кардиоваскуларниот систем и правилниот начин на функционирање на целиот организам. А притоа лечи и мамурлук!
Многу погрешно е верувањето дека срцевите проблеми, главоболката, високиот притисок, алергијата, напнатоста во мускулите, дијабетисот и многу други здравствени проблеми, може да се решат со намалување на секојдневниот стрес и со намалување на темпото на живот. Поради тоа, сите овие проблеми е погрешно што ги сметаме како проблеми, а не како последици од некој друг вид на дисбаланс.
Наместо нашата грижа за здравјето да го сведиме на барање на добар одмор или чудесен еликсир, треба најпрво да провериме дали ја внесуваме потребната дневна доза на магнезиум.
Дневната препорачлива доза магнезиум често претставува решение за превентива и ублажување на многу здравствени проблеми. Бројни истражувања го потврдиле ова благотворно влијание на магнезиумот на функциите и метаболизмот на сите телесни ткива и органи, а Светската здравствена организација го препорачува како добра превентива за многу болести.
Иако најзначајна улога на магнезиумот е неговото благотворно влијание на работата на срцето и компетниот кардиоваскуларен систем.
Магнезиумот помага во регулирање на срцевиот ритам и намалување на нивото на холестерол во крвта. Овој минерал ги намалува срцевите проблеми, го стабилизира крвниот притисок, учествува во регулирање на нивото на шеќер во крв, ја подобрува физичката кондиција и ја регулира работата на цревниот систем.
Намалувањето на количината на магнезиум во организмот е најчесто причина за хипертензија, неправилна работа на срцето и настанување на озбилни здравствени проблеми.
Симптомите за недостаток на магнезиум може да бидат: општа слабост на организмот, чувство на умор, вртоглавици, несвестица, пореметување на сонот, грчење на мускулите, неправилна работа на срцето, вознемиреност, нервоза, раздразливост, алергија, треперење, ниско ниво на шеќер во крвта.
Светската здравствена организација препорачува конзумирање на магнезиум на дневно ниво од 330 до 380мг/л., а ние ви препорачуваме да најдете најлесен начин за секојдневно внесување и конзумирање.
Направете секој ден нешто добро за своето здравје. Не зборавајте ја својата дневна доза на магнезиум!
http://runway.mk