Home / аларм / Дали треба секој ден да се јадат јајца

Дали треба секој ден да се јадат јајца

Јајцата се извор на железо, протеини, аминокиселини и антиоксиданти и лесни се приготвуваат за јадење.

Меѓутоа, дали честото консумирање на јајца може да биде штетно за нашиот организам?

jajca-300x200Доктор Френки Филипс за везникот „Индепендент“ вели дека не постои официјална граница за бројот на јајцата кои можат да се јадат дневно.

– Идеална порција би била две јајца, бидејќи две јајца содржат 12 грама протеини, како и корисно количество на витамините А, Д и Б, јод и селен. Јадете јајца заедно со некој извор на витамин Ц, како што е сок од портокал, за да го апсорбира железото – вели Филипс.

Едно јајце на ден може да биде добро за здравјето. Јајцата ќе го подобрат имуниот систем, ги зајакнуваат забите, коските и кожата. Се верува дека аминокиселините во јајцата ослободуваат од стрес и анксиозност.

– Од друга страна, како и секоја храна и јајцата содржат калории (2 јајца имаат 130 калории), така што јадење на премногу јајца може да го зголеми бројот на внесените калории и да оневозможи диета – додава докторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top