Вашето бебе уште не излегло од болница, а сите веќе го фотографираат. Меѓутоа луѓето често не обрнуваат внимание и го употребуваат блицот.
Кога се бебињата во прашање веројатно сте приметиле како трепкаат кога е вклучен блицот. Иако знаеме дека неможете да одолеете а да не го фотографирате тоа слатко суштество, ќе мора да се воздржите од блицот, затоа што бебињата неможат сами да се сокријат од блесокот на фотоапаратот. Доколку неможете да го фотографирате бебето без блиц, тогаш треба да превземете мерки на претпазливост.
Runway.mk пренесува неколку совети како вие да го заштитите вашето бебе од блицот и преинтензивното изложување на светлата од апаратот.
1. Кога фотографирате бебе, тргнете го апаратот најмалку метар од бебето.
2. Јачината на блицот да биде сведена на минимум
3. Доколку имате можност исклучете го блицот или насочете го кон нешто друго, а не во лицето на бебето.
Доколку не сте ги превземале овие мерки за време на првото фотографирање, не грижете се. Ризикот да се оштетени очите на бебето се премногу мали.
Ушивајте во вашето бебе и настојувајте и покрај обврските кои ги имате околу него да ги документирате првите денови од животот, затоа што подоцна заедно ќе ги прегледувате албумите.