Home / Болести и лечење / Дали семките од кајсија може да ве спасат од рак?

Дали семките од кајсија може да ве спасат од рак?

Приказната за витаминот Б17, чиј најголем извор се семките од кајсија, не е продавање лажна надеж и препорака за лекување. Одлуката за дозирање и превентивно консумирање на семките може да ја донесе секој по консултација со лекар

Им се радуваме во лето. Ги јадеме свежи, како компот, слатко, пиеме сок од кајсии. Но дали ја знаеме нивната најголема вредност и превентивна функција? Станува збор за семките од кајсија кои обично ги фрламе, а според угледни светски лекарски имиња, содржат витална состојка – витамин Б17, кој може да нè заштити од најопаката болест на денешницата – ракот. Дневник ги собрал сите информации во врска со овој витамин – ви пренесуваме и ние.

Факти од “Свет без рак”

kajsija

Познато е дека карцином се развива кога некои клетки во организмот што дотогаш работеле нормално наеднаш почнуваат несопирливо да се множат. Причините се многубројни – вируси, разни канцерогени елементи, стрес, надворешна траума, козметика, вештачки конзерванси, загадена вода, пушење цигари, индустриско загадување…

Американскиот биохемичар Ернест Т. Кребс сметал дека ракот е последица на хронично нарушување на метаболизмот кое настанува ако во исхраната недостига една витална состојка. Поаѓајќи од оваа претпоставка, Кребс во средината на минатиот век издвоил хемиска супстанција за која се воспоставило дека може да ги разори клетките на ракот. Приказната за витаминот Б17, синтетизиран под името амигладин или лаетрил, ја раскажува американскиот филмски продуцент и политички предавач Едвард Грифин во својата книга “Свет без рак”. Иако Кребс низ своите истражувања успеал да докаже ефикасност на лаетрилот, целиот концепт на лекување на ракот со помош на витаминскиот додаток наиде на потсмев и е прогласен за бесмислица, а Кребс за шарлатан. По вообичаен образец ФДА организира масовна кампања против тој евтин и достапен лек, која се темели на тврдењето дека витаминот Б17 е опасен бидејќи содржи цијанид.

hrana otrovПритоа сите заборавиле дека храната што секојдневно ја консумираме исто така содржи многубројни отровни состојки, па сè уште сме живи благодарение на фактот што количините на токсини кои ги внесуваме не се штетни за здравјето. Забраната и застрашувањата поврзани за употребата на витаминот Б17 не се за чудење ако се земе предвид колку фармацевтски гиганти живеат добро од приходите од производството и продажбата на фармацевтските лекови за рак, пишува Грифин.

Тој потсетува дека врз база на многу истражувања е утврдено дека Ескимите, припадници на племето Хунза и други народи на изолирани заедници во светот што јадат храна богата со Б17 никогаш не заболуваат од рак.

Што е витаминот Б17?

Станува збор за природна состојка која се наоѓа во многу намирници. Амигладинот првпат е откриен во 1830 година во горкиот бадем. Ернест Т. Кребс (1912-1996) го промовирал амигладинот како лек против рак во 1950 година. Во големи количини овој витамин може да се најде во дивите капини, црешите, рибизлите, коските од јаболка, крушите и сливите, во горките бадеми, индиските ореви и во австралискиот орев. Во помали количини го има во грозјето, дуњите, јагодите, малините, во семките од лен, во просо, јачмен, хељда, лека, во црвениот грав, мешунките. Сепак, најголема концентрација има во семките од кајсија.

Намами, па уништи

Лаетрилот се состои од 1 молекул бензалдехид 1 молекул хидроцијанид и 2 молекула глукоза. Првите два се отровни елементи, но во Б17 со молекулите на глукозата се инертни и немаат токсично дејство. За да можат цијанидот и бензалдехиот да се ослободат од витаминот Б17, потребно е да дојдат во контакт со специфичниот ензим бета-гликозид. Овој ензим е присутен секаде во човековото тело, но најмногу го има во клетките на ракот (до 3.000 пати повеќе). Принципот на дејствување е едноставен – на клетките на ракот за раст им е потребна огромна енергија, односно глукоза. Кога внесувате витамин Б17, клетките на ракот ги апсорбираат молекулите на глукозата од витаминот Б17, а со ензимот бета-гликозид ги отклучуваат бензалдехидот и цијанидот од витаминот и ја предизвикуваат сопствената смрт. Благодарение на големата концентрација на ензимот бета-гликозид, витаминот Б17 е исклучително смртоносен за клетките на ракот, а за другите клетки не е воопшто токсичен. Принципот е едноставен – клетките на ракот се полакомуваат за глукоза, а кога ќе ја апсорбираат, веќе се уништени.

Превентивна доза

Превентивно д-р Кребс препорачува земање на Б17 во природна форма. Коските од кајсијата се најдобар извор бидејќи освен овој витамин, содржат и други хранливи материи. Генералната препорака е да не се јадат повеќе семки од кајсија од количината што би ја изеле ако ги консумираме свежи во рок од еден час. Дневната доза е 1 семка на 2,5 кг телесна тежина. За превенција се препорачува консумација на пет семки дневно. Но самата консумација на семки кај пациенти со рак има помал ефект без спроведување целосна метаболитичка терапија која се темели на интравенозно внесување на витаминот Б 17 со одредени ензими и други витамини.

Colon-Cancer-lИнтернетот изобилува со многу блогови на кои се нудат различни дози и препораки. На веб-страниците посветени на алтернативна медицина ќе прочитате дека од Кребсовото откритие во 1952 до денес се бележат над илјадници излекувани малигни болести во терминалната фаза со помош на лаетрил. Голем дел од нив се опишани во повеќе од 30 објавени труда со потпис на угледни лекари. За тераписки цели, лаетрилот може да се внесе во организмот со семки од кајсија или масло, во таблети или инјекции.

Сите што сакаат да ја применат оваа терапија мора да знаат дека лаетрилот не е чудотворен лек. Таков лек за рак не постои, не затоа што карциномот не е излечив туку бидејќи појавата на таа болест, според д-р Кребс, е последица на вкупно нарушување на метаболизмот. Туморот е една видлива манифестација на тоа нарушување што се јавува на еден орган, а потоа се шири низ цел организам. Затоа треба да му се припомогне на вкупниот метаболизам и со терапија која се темели на цинк и ензими. Без ензими и цинк лекувањето со лаетрил нема да биде успешно.

Се препорачува и земање на магнезиум, селен, манган, како и витамини Ц, А, Е, Б6, Б9 И Б12. Терапијата со лаетрил се спроведува во Мексико во Oasis of Hope hospital под водство на д-р Contreras Rodriguez. Тој освен лаетрил, во лекувањето на болни од рак користи и ‘рскавица од ајкула која го блокира растот на крвните садови, намалувајќи ја виталноста на канцерогените елементи. Воедно, ‘рскавицата од ајкула поттикнува создавање на антитела и го поттикнува имунитетот.

Забранет во САД и во Австралија

Терапијата со витаминот Б17 била оспорувана, а овој алтернативен лек бил прикажан како “отровен и опасен”. Сите истражувања што се вршени на лаетрилот се насочени да докажат дека тој е отровен. За да покаже пред јавноста дека е убедлива во своето уверување, најпознатата американска болница и институт за рак “Sloan Kettering” ангажирала светски експерти кои се занимавале со проучување на ракот.

cancerЛидер на тимот бил јапонскиот истражувач Kanematsu Sugiura, кој застанал зад ефикасноста на лаетрилот. Болницата ги фалсификувала нивните извештаи, а Ралф Мос, задолжен за односи со јавноста, морал да презентира лага. Мос тоа го одбил и добил отказ, пишува Грифин. Слична постапка била спроведена и во Австралија. И таму лаетрилот е забранет, а ако некој инсистира на третман со Б17, државната служба за лекови (ТГА) за секој посебен случај може да одобри дозвола за увоз. Продажбата на семки од кајсии е забранета, а кајсиите во супермаркетите се продаваат исчистени.

Што не треба да се јаде?
– Избегнувајте намирници од животинско потекло
– Не јадете сланина, шунка, месни преработки
– Избегнувајте замрзната и конзервирана храна која изобилува со адитиви
– Не внесувајте сол, бел шеќер и вештачки засладувачи, кои се исклучително опасни
– Пијте само сокови исцедени од свежо овошје и зеленчук
– Пијте шест до осум чаши вода дневно
– Престанете со пушење цигари, пиење алкохол и кафе.

Д-р Милан Ристески, радијационен онколог, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија

Витаминот Б17 не лекува рак

Мислење за превентивно консумирање семки од кајсија, односно лекување со витаминот Б17 побаравме од д-р Милан Ристески, радијационен онколог, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Тој децидно вели:

– Од она што е достапно од референтната литература таков заклучок не може да се донесе. Националниот институт за рак од САД во раните 80-ти од минатиот век спроведе клиничка студија (фаза еден детерминира каков е токсичниот профил, а не каков ефект има) каде што 35 отсто од пациентите на терапија со лаетрил (здрави индивидуи) покажале симптоми на акутно труење со цијанид. Студијата беше прекината и е констатирано дека нема логика да се оди понатаму. Не постои ниту една референтна страница на која има препорака витаминот Б17 да се употребува за лекување рак. Постојат информации дека одредени групации како Хунзите, Ескимите, кои обилно користат храна богата со Б17, се најздрави, но тоа е податок што не преминал во студија бидејќи не знаеме што сè друго користат во исхраната. Слична ситуација имаше и во 1964 година.

vitaminB12-cijanid-otrovТим научници од Универзитетот во Торонто испитуваа жители на Велигденските Острови. Утврдија дека долговечноста на жителите, особено малиот морбидитет од рак, се должи на една состојка од исхраната – мувлата, која содржи streptomices hidrostopicus. Од таа состојка потоа се произведоа цели нови генерации лекови кои се употребуваат во третман на рак. Прв беше sirolimus, па everonimus, па tacrolimus, temzirolimus итн. Од друга страна, последниве години стануваме свесни за нов животен стил наречен зјапање во сонце.

Луѓето од оваа групација консумираат само вода – ни витамини, ни храна, ни сокови и имаат најмал морбидитет од рак. И со нивната појава сфативме дека дури сега ништо не знаеме. Препорачувам народов да не верува на белетристика, туку само во референтни страници. Единствено нешто од храна што е одобрено за превенција на колоректален карцином е состојката наречена куркумин (екстракт од коренот на куркума лонга) National Cancer Institute го има објавено во 2002 г. Во тек се над 20.000 клинички испитувања, повеќе во фаза 3 на екстракт даден интравенски. Исто така, се одвиваат и повеќе клинички испитувања во фаза 3 на екстракти од канабис сатива (во венска форма)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top