Home / сведоштва / Чудотворната Литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска

Чудотворната Литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска

Подемот на манастирот Света Богородица – Пречиста  продолжува и во XVII век, кога, откако била претходно запалена (1558 година) за новоподигнатата црква се нарачуваат икони и други уметнички и богослужбено – литургиски предмети. Една од тие икони е и литиската, двострано сликана икона од 1642 година со претстави на Христос, од едната, и Богородица, од другата страна. Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф, како што запишал „за негов вечен спомен”.

Cudotvorna-ikona-PrecistaОва е накратко нејзината историја:

1642 год. – иконата е иконописана од засега непознат иконописец .Таа е двострана – на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја.

1868 год. – Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа.

– Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир “Св. Ѓорѓи” и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот “Пречиста Кичевска”.

– По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор.

– Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки.

– Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до “другата” и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица.Со нив некои оставале и пари а текстовите се пишани со најразличен стил писма – има од стари арапски до најнови со телефонски броеви. Ова особено се открило дури при конзервацијата на оваа икона од страна на националниот конзерваторски центар во Скопје во октомври – ноември 2005 год., од каде и се вратени пак каде што си стоеле, а по конзервацијата.

Kicevo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top