Home / алтернативна медицина / Чиа, киноа и макадамија – помодарство или потреба од здрава храна?

Чиа, киноа и макадамија – помодарство или потреба од здрава храна?

Семињата од чиа, киноа и од макадамија последнава година станаа главен хит во исхраната на приврзаниците на здравата исхрана во земјава. Иако малкумина знаат како изгледаат и како се употребуваат во исхраната овие производи, сепак од нивното име веднаш може да се заклучи дека тие се производи што не растат на нашето поднебје.

419435_semillasdecha_fНа социјалните мрежи постојано се нудат рецепти од овие производи и се ставаат слики од приготвена храна каде што главен продукт е семе од чиа или киноа. Нивната популарност е голема и кај родителите, кои ваквите семки почнале често да им ги даваат на децата. Истовремено на интернет-форумите се развиваат дебати за употребата на овие семиња во исхраната.

Дали овие семиња се јадат само за да се биде во тренд или, пак, се употребуваат само поради нивните здрави состојки.

ЗА ЕДНИ ТРЕНД, ЗА ДРУГИ ХРАНА ЗА ЗДРАВЈЕ

Многумина ја охрабруваат употребата на овие семиња во исхраната. Сметаат дека сѐ што е докажано како полезно и корисно за човечкиот организам треба да се проба.
– Многу работи во минатото беа дефинирани како тренд, но потоа станаа начин на живот – се коментира на социјалните мрежи.
Но, има и такви што отсечно одбиваат да ги користат овие производи, со одговор дека не пораснале на таа храна и дека нивната засилена употреба е само помодарство и снобизам.

lecenje so hranaНако Ташков, професор на студиите за туризам и бизнис-логистика во Гевгелија. Според него, треба да им дадеме приоритет на производите од ова поднебје, бидејќи се посвежи и главно му одговараат на нашиот организам.

– Сето ова што доаѓа однадвор, како киноа, некои бобинки и слично, треба дополнително да го користиме во исхраната. Секако, ако ни е вкусно и ако нашето тело ги поднесува тие вкусови. Се согласувам дека е мода, но е добра мода. Науката докажала дека има добросостојба од тие зачини и семки и затоа не гледам ништо спорно ако се користат – смета Ташков.

Што се чиа, киноа и макадамија?

Семето од чиа e познато уште од времето на древните култури и претставувало значаен извор на енергија на Маите и Инките. Се смета дека е најбогатиот растителен извор на омега 3-масни киселини, омега 6-масни киселини, протеини и моќни антиоксиданти. Содржи фосфор, манган, калциум и цинк, како и висок процент од диетални влакна. Зимзелените макадамија-ореви растат по должината на суптропскиот источен брег на Австралија. Од вкупно деветте вида, се јадат само два. Тие имаат влакнеста надворешна лушпа, жолтокафеава тврда лушпа и јатка со кремаста боја. Овие ореви тешко се кршат. Абориџините ги кршеле со камења

Киноата, пак, не содржи глутен и лесно се вари во организмот. Најчесто служи како замена за ориз и тестенини. Консумирањето киноа може да го намали ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, хемороиди, запек, висок крвен притисок, рак на дебелото црево и прекумерна тежина.

Nova Makedonija

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top