Поради неправилната исхрана и недоволната физичка активност, токсините остануваат заробени во телото и ги забавуваат неговите природни функции. Еве неколку знаци дека тоа ви се случува и вам.
loФизиолошки потреби
Честото посетување на тоалет е едноставен показател дека вашето тело е полно со отрови. Сепак, ова е еден од најдобрите начини на кој отровите излегуваат од телото, инаку ќе се вратат во крвотокот и ќе предизвикаат проблеми. Затоа, пијте што повеќе течности и пробиотици за да го подобрите дигестивниот систем и уринарните функции.
Непријатен здив
Причина за тоа се бактерии во вашата уста или неможност на вашиот желудник и црн дроб да ги „обработат“ сите токсини. За да го решите овој проблем, секој ден чистете го вашиот јазик од наталожените слоеви.
Ви пречат одредени мириси
Ако ви пречи некој парфем, чад или други ароми, веројатно имате проблем со црниот дроб кој не е во состојба да се ослободи од токсините и поради тоа вашите сетила се чувствителни и секој мирис може да ви предизвика главоболка.
Прекумерна тежина
Проблеми со хормоните, лоша исхрана и премногу токсини во крвта доведуваат до таложење на на масните наслаги и со тоа до прекумерна тежина. Наглото зголемување на тежината ви кажува дека е време да го исчистите вашиот организам.