Home / алтернативна медицина / Челото ги отсликува органите за варење, носот – панкреасот

Челото ги отсликува органите за варење, носот – панкреасот

Челото, носот, брадата, десниот образ, левиот образ – сите овие пет елементи на човечкото лице даваат одговори што се случува во телото. Ова е една од основите на кинеската традиционална медицина. Но, прво треба да се научи што значат сигналите и знаците што ги гледаме на лицето. Читајќи внимателно, можеме да реагираме навремено и да ја препознаеме болеста.

Постојат четири главни методи кај дијагностицирањето на болестите во кинеската медицина, а тоа се: набљудување на пациентот, поставување прашања, слушање и мирис, и читање на лице-то.

bore-licu-otkrivaju-puno-ozbiljniji-problem-slika-41742Со методата читање на лицето, која е стaра речиси 3.000 илјади години, се смета дека може да се дефинира речиси 60 отсто од здравствената состојба. Оваа метода се покажала навистина ефи-касна, па затоа с` почесто се применува и во западниот свет. Секој дел од лицето одржува еден од елементите, оган, земја, вода, метал и дрво, што одговараат на одредени органи.

Така, кинеската медицина врз основа на пет елементи поставува дијагноза за евентуално заболу-вање. Секој од нив е синергички поврзан со орган, а нарушувањето на рамнотежата предизвику-ва заболување. Со враќање на рамнотежата меѓу органот и делот од лицето се лекува болеста.

Челото и органите за варење

Челото е всушност оган и е поврзан со органите за варење или дигестивниот систем. Ако на че-лото има црвенило, кожата е сува, малите крвни садови може да укажуваат на слаба детоксика-ција на системот за варење, недостиг од течност и претерано пиење алкохол. Црвенилото или малите крвни садови кои се појавуваат како дисколорација на челото може да укажуваат и на проблеми со срцето, но и на емотивни тешкотии, како разделби, развод, губење на некој близок. Ако постои дисколорација на челото, а имате и забрзано чукање на срцето, вртоглавица, недос-тиг од воздух, болки, треба веднаш да побарате лекарска помош.

Десен образ – бели дробови и дебело црево

Десниот образ се поврзува со елементот метал, што значи со белите дробови и дебелото црево. Акните или неизразеното црвенило може да биде знак за настинка. Симптомите на десниот об-раз може да бидат и предупредување за заболувања на белите дробови или на горните дишни патишта. Луѓето со чести респираторни алергии или астма имаат склоност кон егзема, благ исип и зелено-сина нијанса на десниот образ.

Нос – желудник

Носот одговара на елементот земја и се поврзува со желудникот, панкреасот. Акните или митесе-рите на носот не мора да значат дека немате квалитетна кожа, туку може да бидат знак за пробле-ми со желудникот или со црниот дроб. Често мрсотијата на носот е предизвикана и од нездрава храна, но не мора да биде секогаш така. Многу митесери укажуваат на лошо празнење, испукани-те капилари и црвенилото на врвовите од носот покажуваат прекумерно внесување кафе или ал-кохол, но и на многу грижа и стресови. Црвенилото на долниот дел од носот е знак за јанг-енер-гија или алергии и респираторни проблеми.

Лев образ – жолчна кеса

Левиот образ го претставува елементот на дрвото и ги дава здравствените состојби на црниот дроб и жолчното кесе. Вените, црвенилото и исипот може да бидат предупредување за висок кр-вен притисок. Проблемите во тој дел од лицето исто така може да откријат емоционални проб-леми како што се лутина, бес и депресија. Изразеното чешање на левиот образ укажува на пато-лошки проблем со црниот дроб.

Брадата – бубрези

За брадата се поврзува водата, а ја отсликува здравствената состојба на бубрезите, репродуктив-ниот систем, но и хормонскиот статус. Ако имате темни дамки на кожата околу устата и брадата тоа се знаци што предупредуваат дека нешто не е во ред со бубрезите. Додека, пак, акните алар-мираат за хормонска нерамнотежа. Во делот меѓу носот и горната усна се чита состојбата на мат-ката кај жените. На тој дел многу ретко може да се појават акни, темни дамки, но ако ги забеле-жите веднаш консултирајте се со лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top