Home / природен лек / Брусница- – непобедива во борбата против инфекциите на уринарниот тракт

Брусница- – непобедива во борбата против инфекциите на уринарниот тракт

Прегледот на претходните студии за брусницата го потврдуваат старото и добро познато правило – брусницата е моќен лек за превенција и третман на уринарните инфекции. За потребите на новата студија, тимот предводен од д-р Chih -Hung Wang од Националната Тајванска Универзитетска болница разгледал и сумирал 10 студии за брусницата објавени во списанието “Архива на интерната медицина”

brusnitsa1Студијата вклучуваше вкупно 1500 учесници на кои секојдневно им е давана брусница, или плацебо или ништо од горенаведеното. На крајот на секоја студија, бележени беа резултатите од секоја група. Во некои студии, учесниците дневно земале мали количини на брусница во капсули (1 грам), некои земале 200 ml сок од брусница, додека некои земале и од двете.

Севкупно, беше забележано 38 % намалување на стапката на уринарните инфекции кај учесниците кои земале еден од понудените извори на брусница, во споредба со учесниците кои воопшто не земале брусница. Кај жените со историја на инфекции на уринарниот тракт, а кои земале производи од брусница е забележано дека имаат речиси 50 % помалку шанси да развијат инфекции во споредба со оние што не примале ништо.

“Ова е само потврда на науката за она што нашите мајки нѝ зборувале со децении”, вели д-р Deborah Wing, истражувач од Универзитетот во Калифорнија.

Научни докази за ефективноста на брусницата

Соединенијата од брусница имаат способност да ја менуваат бактеријата E. coli, така што тие ја оневозможуваат да започне инфекцијата. Ова сознание е резултат на една студија спроведена на Worcester Polytechnic Institut, предводена од д-р Terri Camesano, хемиска инженерка. Студијата покажува дека танините (проантоцијаниди), кои се наоѓаат во брусницата влијаат на E. coli на начин што ја спречуваат нејзината адхезија/слепување на клетките во телото и тоа така што ја менува формата на бактеријата од форма на прачка во сферична форма, ја менува нивната клеточна мембрана така што ја менува E. coli од грам негативна бактерија во грам позитивна и го попречува контактот со клетките, така што бактеријата ја губи способноста да лачи индол, молекула вклучена во бактериската комуникација која одредува кога постојат доволно присутни бактерии да се води успешна комуникација.

sushena-brusnitsa-300x231Покрај ефектите врз инфекциите на уринарниот тракт, брусницата е одлична и кај настинките поради тоа што содржи високо ниво на витамин Ц, а исто така, помага во борбата против H. pylori која предизвикува чир на желудникот. Се јаде свежа или сушена.

Откриено е, исто така, дека најсилен ефект има целата брусница или во вид на густ сок.

Освен дејството на уринарниот тракт, брусницата поволно делуваа и врз крвните садови, помагајќи да останат еластични и доволно проширени за да не го попречуваат протокот на крвта. Фитонутритиентите од брусницата дејствуваат така што спречуваат собирање на плакот на ѕидовите на крвните садови.

Проблемот е во тоа што овие научно потврдени откритија кои го потврдуваат она што го знаеме со години се турнати под килим и што оваа иста наука наместо антибиотици нема да ја препише брусницата. Така милиони луѓе ќе продолжат да живеат во незнаење за тоа како со природната храна можат да го подобрат своето здравје. И тоа без несакани ефекти. Така ќе продолжат да се случуваат ситуации како во 2005 г. кога ФДА испрати писма со цензури за 29 компании кои дистрибуираат цреши, предупредувајќи ги дека тие не смеат да се реферираат на било кои научни докази за здравствените придобивки од јадење цреши во своите маркетиншки материјали, како што се оние дека црешите го намалуваат воспалението и лекуваат артритис.

Слична ситуација се случила и со оревите.

Не дозволувајте да бидете заведени со рекламите и препораките на вашиот лекар, не заборавајте дека тие добиваат екстра пари за секој лек што ќе ви го препишат, односно фармацевтските агенти вршат посети и ги “стимулираат” да ги издаваат лековите токму од нивната компанија.

За препораката да се зема брусница никој нема да ги награди, но наградете се себе си вие самите и подарете си го здравјето на природата!

Matrix World/Кукурику

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top