Смрадликата е богата со тен материи, етерични масла и други вредни предмети. Има крвоспирачко, антиинфламаторно и антисептично дејство. Растението е често користено во народната медицина.
Најчесто се применува надворешно. Особено голем ефект има кај кожни заболувања, габични пупки и рани, при оток на нозете (од мраз) и потење, при хемороиди, циреи, афти во усната шуплина, воспаление на непцата, забоболка и др.
За надворешна употреба се прави запарка од 100 гр ситно сецкани листови од смрадлика во еден литар врела вода
Се чека да се излади и се прецедува. Кога е потребно да се прави гаргара и жабурење запарката се подготвува со една лажица смрадлика во половина литар зовриена вода. Додадете малку сол и малку нишадор и откако се излади може да започнете со постапките.
Сол против болки во стапалата и нокти враснати во месото
Научниците од Стенфорд тврдат дека решението против ноктите во месо е прилично едноставно – редовно потопувајте го стапалото во солена топла вода. Болната инфекција може да исчезне за само 4 дена. Солта ги ублажува воспаленијата и има анти-бактериски својства, што ја прави ефикасна против бактериите кои предизвикуваат отоци и болка.
Односот на растворот треба да е една лажичка сол на една чаша вода, а температурата може да биде и собна – само да не е оладена; тоа би предизвикало само дополнителни незгоди. Потопувајте го стапалото 20 минути, 2 пати дневно, се додека инфекцијата е активна.
ПРОБЛЕМИ СО ЗГЛОБОВИ
Болниот зглоб се масира со
– Масло од врес: 100 гр. сечкани млади врвови во цвет се оставаат да отстојат 8 дена во половина литар маслиново масло. Секојдневно се меша, а потоа се цеди.
Облоги, купки и компреси
– На зглоб се става многу густа каша од листови на голем трн, кои се варат во вода, или листови од зелка, свежи резанки кромид и загреана ливадска или градинарска мајчина душичка.
– Облога од црн сенф во прав или рен.
– Заболена рака или нога се става во перниче наполнето со свежи листови од бреза.
ИСЧАШУВАЊЕ
– Кај исчашување на зглоб: Лажиче арника се прелева со 2, 5 дцл топла вода и се остава да отстои најмалку половина час, а потоа од таа смеса се прави облога за исчашениот зглоб.
– Исчашеното место нежно се трие со масло од кантарион, кое што се прави на следниот начин: 200 гр. мали врвови во цвет три часа се варат во маслиново масло, а потоа се лади и се процедува. Се чува во добро затворено шише на темно место.
– Кашеста облога од рендан свеж корен од коњско опавче: се посипува со маслиново масло.
– На исчашен зглоб се става компрес натопен во тинктура од рузмарин и жалфија: по 50 гр. од исушените растенија се оставаат да отстојат две недели во половина литар алкохол.
– Се гмечат свежи листови од маргаритка или подбел и компресите се натопуваат со нивниот сок.
Воспалени зглобови
– Се прави мешавина од три лажички листови од бреза, малку тегавец, цветови од арника и листови од жалфија. Десет грама од мешавината се прелева со 2 дцл жешка вода, се остава да отстои половина час, а потоа се процедува и се пие.
– 30 грама корен од артичока се потопува во 1 литар вода. Се загрева водата до точка на вриење, а потоа се вари на истата температура 1 час. Напитокот во оваа количина е доволен за 2 недели. Се пие по неколку лажици пред јадење, 2- 3 пати дневно. Напитокот е одлично средство против воспаление на зглобовите.
УБЛАЖУВАЊЕ НА БОЛКИТЕ ВО НОЗЕТЕ
Прво кренете ги ноѕете под агол од 45 степени и олабавете се неколку минути. Потоа 15-тина минути држете ги во леген со топла вода во која сте додале 1-2 лажици морска сол. Потоа исплакнете ги со топла вода и подгответе купка за нозе со топла вода во која сте ставиле 6 капки масло од еукалиптус, 6 капки масло од рози и 1 лажица сок од лук. Во легенот држете ги нозете 5 минути и потоа исплакнете ги со студена вода. Болните нозе ќе бидат само далечно минато!
За подготовка излупете 300-400 грама лук и сомелте го (во блендер или ситно изрендајте го). Смесата ставете ја во тегла и додадте сончогледово масло. Оставете да отстои две недели на темно место поврмено мешајќи. Потоа смесата исцедете ја неколку пати.
Начин на употреба : мачкајте на болното место додека маслото почне да упива во кожата. Звиткајте се со топол шал и останете така цела ноќ. Следното утро истуширајте се со топла вода. Уште по првата процедура ќе почувстувате олеснување. Лекувањето продолжува 2 месеци.