Home / Болести и лечење / Болка во левата рака, постојана кашлица, главоболки – не се наивни симптоми

Болка во левата рака, постојана кашлица, главоболки – не се наивни симптоми

Ако одненадеж почувствувате дека ви е тешко да стоите, да одите и да ја одржувате рамнотежата, а со денови сте изморени и омалаксани, треба да одите на доктор

Повеќето од сериозните заболувања ако се откријат навреме, можат да се излечат. Но, најчесто на лекар се оди кога болките стануваат неподносливи. Затоа треба да се внимава на сигналите што ги испраќа организмот и во вистинското време да се реагира на алармот.

kako-da-ja-smirite-hronicnata-kaslica-01ПОСТОЈАНА КАШЛИЦА

Ако неодамна сте имале настинка или грип, кашлицата ќе се задржи неколку дена или неколку недели, но ако имате постојана кашлица, треба навреме да го посетите докторот. Причините можат да бидат од туберкулоза или инфекција на дишните патишта, до рак на белите дробови.

КРВ ВО ИЗМЕТОТ

Ако изметот добие темна боја слична на талог од кафе, тоа е знак дека треба да се видите со вашиот доктор. Крвта во изметот може да е знак за бенигнен тумор или рак на дебелото црево.

ЗАСЛЕПУВАЧКИ ГЛАВОБОЛКИ

Секој има главоболка одвреме-навреме, но ако се појавува често, време е лекарот да ја открие причината. Причина за главоболките може да е намален вид или нешто посериозно.

ПРОБЛЕМИ СО ВИДОТ

Со текот на годините, видот се намалува, но ако почнува да ви се мати пред очи, време е да посетите офталмолог или невролог.

nastinka grip temperaturaТЕМПЕРАТУРА

Ако телесната температура без причина се зголемува, треба да откриете што не е во ред. А, ако високата температура трае подолго од 3 дена, треба да одите на доктор.

ДИЈАРЕЈА

Без разлика дали причината е расипана храна или вирус, дијарејата може да биде опасна и колку подолго трае, толку е поопасно, бидејќи го дехидрира организмот. Според тоа, ако дијарејата трае подолго од два-три дена, треба да се посоветувате со доктор.

БОЛКА ВО ГРАДИТЕ

Може да биде наивен симптом, но ако истовремено се појави и болка во левата рака, веднаш треба да отидете на лекарски преглед, бидејќи ова може да се симптоми на срцев удар.

znojenje potenjeНОЌНО ПОТЕЊЕ

Може да се појави како резултат на премореност или напнатост, но често е симптом на сериозни болести, туберкулоза или рак на лимфните жлезди.

ЗГОЛЕМЕН СЕКРЕТ

Зголемен секрет од гениталните органи е симптом што не треба да се игнорира, а задолжителна е посетата на гинекологот.

НОВИ МЛАДЕЖИ

Луѓето имаат младежи по целото тело, а со текот на годините, нивниот број се зголемува. Затоа треба да внимавате на новите младежи што се појавуваат, бидејќи секоја промена на нивниот облик и големина може да биде многу опасна.

ИЗНЕНАДНА СЛАБОСТ ВО МУСКУЛИТЕ

Ако одненадеж почувствувате дека ви е тешко да стоите, да одите и да ја одржувате рамнотежата, а со денови сте изморени и омалаксани, треба да одите на доктор. Може да има многу причини за ваквата состојба, од Паркинсонова болест до мал мозочен удар.

beli droboviТЕШКОТИИ ВО ДИШЕЊЕТО

Изненадно отежнато дишење може да укажува на многу заболувања, од астма до алергиски реакции. Ако астмата не се лекува, може да биде смртоносна, а проблемите со дишењето по кратко време може да станат вистинска закана за животот.

ЧЕСТО МОКРЕЊЕ

Ако во текот на ноќта станувате три или четири пати за да одите во тоалет, значи нешто не е во ред. Може да се проблеми со простатата, симптоми на дијабетес тип 2 или инфекција на уринарните патишта.

ПОТКОЖНИ ЈАЗЛИ

Кога ќе напипате некој јазол под кожата, кој може да биде потечена лимфна жлезда, имајте на ум дека тоа не смее да го игнорирате. Причина може да е некоја инфекција или некое сериозно заболување.

ХРОНИЧНА ИСЦРПЕНОСТ

Ако причина за хроничниот замор е напорната работа и многуте обврски, тогаш не е чудно ако постојано сте исцрпени. Но, ако се појави наутро, по станувањето од кревет, тогаш нешто не е во ред. Една од причините може да е депресија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top