НЕРЕДОВЕН МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС
Кај сите крвавења на жената, а особено при нередовен месечен циклус се препорачува:
Овчарска торбичка – се пијат 2-3 филџани чај, 8 до 10 дена пред менструалниот циклус
Ајдучка трева – дневно се пијат 2-3 филџани чај, од кои едниот треба да се испие наутро на празен стомак.
Камилица – дневно пијте 2-3 филџани чај – помагаат кај нередовната менструација.
Мајчина душичка – за нередовен мензис пијте 2-3 чаши филџани дневно. Од цветовите и стеблото на мајчината душичка можете да направите и перница и да ја ставите врз јајниците и матката. Болките ќе исчезнат.
НЕПЛОДНОСТ
Жените што се обидуваат да забременат треба да ги употребуваат овие билки:
Корен од валеријана – чајот од валеријана од дамнина е познат по делотворноста во лекувањето неплодност. Една супена лажица корен од валеријана, ставете во еден литар врела вода, поклопете ја и пијте ја преку целиот ден наместо вода. Терапијата трае 40 дена и не смее да се прекинува, а почнува веднаш по мензисот.
Сок од имела – рано наутро на празен стомак земете 30 до 35 капки сок од имела. Исто толку земете и пред спиење.
ВОСПАЛЕНИЕ НА ЈАЈЧНИЦИ
При воспаление на јајчници треба да ги користите следниве билки:
Имела – дневно пијте од 3-4 филџани чај, во поединечни голтки. Една лажичка имела ставете ја во филџан ладна вода, оставете да отстои 12 часа, а потоа загрејте ја и испијте ја.
Ајдучка трева – се пијат од 3 до 5 филџани многу топол чај, а помагаат и седечки купки од истата билка. Може да се подготват од свежа или сува ајдучка трева. Седете 20 минути и без да се избришете, легнете в кревет. Покријте се, за да се испотите и лежете еден час. Три пати неделно седете во овие купки и истовремено пијте од чајот.
ЦИСТИ НА ЈАЈЧНИЦИ
За природно лекување треба да се користи: чај и облоги од коњски опаш и мешавина од чаеви – 100 г коприва, 300 г невен и 100 г ајдучка трева. На еден литар врела вода ставите 2 полни лажици од мешавината и оставете ги да отстојат 3 минути. Потоа се процедува и се пие многу топло. Дневно треба да се пие до 2 литра чај, со додавање три пати по една лажичка шведско гранче.
“БЕЛО ПEРЕЊЕ”
Поради бактериски или габични инфекции, се јавува исцедок од матката, кој се лекува со чај од ајдучка трева. Терапијата трае 20 минути. Може да се миете и со варени оревови листови – се ставаат во ладна вода и треба да отстојат 12 часа. Потоа течноста се загрева и служи за испирање.
Ако е докажано дека причинител се габички, треба да се прават бањи од невен – во 5 литри ладна вода ставете 100 грама невен, што треба да отстои 12 часа. Потоа течноста се загрева, и се става во вода. Капењето во течноста треба да трае 20 минути, по кое без да се избришете, легнете во кревет. Правете три купки неделно, додека исцедокот не исчезне.
ХОРМОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ
При хормонални проблеми, жената треба да го пие овој чај: 3 полни лажички имела се ставаат во 3 филџани ладна вода и треба да отстојат 12 часа. Потоа течноста се загрева, се процедува и се чува во термос. Наутро и навечер се пие по една чаша чај, а во текот на денот, третата.
ВОСПАЛЕНИЕ НА МОЧЕН МЕУР
Важно е воспалението од почеток да се лечи за да не стане хронично.
Во лечењето ќе ви помогне:
Пченкарна свила – во мала шолја врела вода ставите полна чајна лажичка пченкарна свила и оставете ја 3 минути да отстои. Потоа процедете ја течноста и ставете ја во термос. На секои 2 часа, пијте по една голтка чај.
Мртва коприва – секој ден направете топла бања од свежа или сува мртва коприва: 100 грама бела или жолта мртва коприва се става во 5 литри ладна вода. Течноста треба да отстои 12 часа. Пред употреба, загрејте ја смесата и истурете ја во леген. Третманот треба да трае околу 20 минути. Потоа без да се избришете, легнете во кревет и лежете покриени еден час.
Коњски опаш – подгответе купка за седење на истиот начин.
Рак на дојка
Паралелно со редовната лекарска контрола, од помош ќе ви бидат и овие препарати:
Маст од невен – мачкајте ги деловите каде се наоѓаат јазлите, неколкупати дневно, но и во текот на вечерта. Најдобро е да ја премачкате целата дојка и над неа да ставите облога од шведско гранче. Остатокот невен, ставете го на крпа, а потоа на градата како облога во текот на денот и ноќта.
Свинска маст – во еден килограм свинска маст се ставаат 4 грста ситно исечкани цветови и листови од невен: ги вариме 10 минути на тивок оган и постојано се меша. Ги оставаме да отстојат 12 часа, а потоа ги загреваме. На крај смесата се процедува низ сито.
Мешавина од чаеви – 100 грама коприва, 300 грама невен и 100 грама ајдучка трева. На еден литар вода ставете 4 супени лажици од мешавината и оставете 5 минути. Процедете ја течноста и ставете ја во термос. Во текот на денот пијте на голтки до 2 литра од овој чај. Наутро и навечер во чајот ставете по една мала лажица шведско гранче.
Рак на матка и на јајчници
Облоги од коњски опаш – заболеното место премачкајте го со маст од невен, а потоа ставете облога од свежо или суво коњско опавче. Свежото коњско опавче, истолчете го за да ги испушти соковите, а потоа ставете го во ленена крпа. Сувото коњско опавче треба да го загреете и да го ставите на пареа, па во ленена крпа. Може да додадете и неколку лажички шведско гранче.
Топла бања од ајдучка трева – трипати дневно. Истовремено пијте и чај од ајдучка трева, 3 до 5 филџани дневно и ставајте облоги од коњско опавче.
Мешавина од чаеви – смешајте 300 г невен и 300 г коњско опавче и дневно пијте 8 филџани чај. Секојден, во чајот три пати додадете шведско гранче.
Климактериум
За жената да го помине полесно овој период, делотворни се следниве билки:
Овчарска торбичка – 4 недели пијте 2-3 филџани чај дневно. Чајот мора да се пие многу топол. Направете пауза од 3 недели, а потоа повторете ја терапијата.
Имела – дневно пијте 3 филџани чај.
Мешавина од чаеви – секој ден пијте 2 филџана чај од цветови од глог и од липа.
Dnevnik