Астмата и алергиите, тврди д-р Батманжелиџ, може да бидат санирани со примање повеќе вода. Тој сугерира ова тврдење да се провери искуствено – без лекарства и бесплатно.
Водата ќе предизвика продукцијата на хистамин да се пренасочи зашто тој има основна улога во водната регулација и во телесните програми за контрола на обезводнувањето на организмот.
Луѓето што страдаат од астма или имаат алергични реакции на полен треба да обрнат внимание на секојдневното примање соодветно количество вода со малку додадена сол. Треба да престанете да пиете кафе и алкохол, барем додека ги отстраните овие тешкотии.
Тие што имаат нарушена работа на срцето и на бубрезите треба да започнат да пијат по две чаши вода половина час пред секој оброк и по една чаша два и пол часа по оброкот.
Зголемувајќи го примањето на вода ќе треба да се зголемат и количествата примена сол за да го компресирате излачувањето, но и зголемената продукција на урина.