Истражувачите веруваат дека пронашле исклучително ефикасен лек за третман на ревматоидниот артритис. Како што е соопштено, тимот од меѓународни научници дојде до возбудливо откритие, односно дека четирите лекови кои се користат за третман на ракот, всушност помагаат и кај артритисот.
Професорот Браун кажува дека студијата, објавена во престижниот магазин „Nature“, покажува дека генетските истражувања можат да се користат за наоѓање на потенцијално нови третмани за различни болести со користење на веќе постоечките лекови.
Предноста на таквите лекови е во основа во тоа што се штедат многу години потребни да се помине вообичаениот пат од генетско истражување до клиничко испитување.
За постоечките лекови нема потреба за токсиколошки тестови, нема дополнителни студии за нивната безбедност пред да почнете да им ги давате на луѓето, затоа што сето тоа е веќе направено. Само тој процес одзема десет години.
Истражувачите идентификуваа 48 нови гени, кои најверојатно се одговорни за ревматоидниот артритис. Околу 65% ризикот е од генетско потекло, а влијание имаат и факторите на околината.
На пример, пушењето е еден од познатите предизвикувачи кај генетски склоните луѓе. Болеста е почеста кај жените отколку кај мажите. Профсорот Браун кажува дека денес ниту еден постоечки третман не помага во лечењето и кај некои луѓе предизвикуваат нуспојави.