Home / алтернативна медицина / Акупунктура – лечење без операции

Акупунктура – лечење без операции

Телото на секое човечко суштество е поврзано со енергетски канали со сите витални органи, а на секои од тие енергетски канали се наоѓаат стотици акупунктурни точки преку кои поминува витална енергија. Доколку дојде до прекин на проток на енергија до кој било од тие точки, се појавуваат разни заболувања, потешки или полесни, зависно од бројот на точките во дошло до прекин на проток на енергија.

acupuncture-300x199Акупунктурологот ги одредува акупунктурните точки во кои дошло до прекин на протокот на енергија и го дијагностицира понатамошното заболување. Преку стимулацијата на тие утврдени точки, поединечно или со повеќе точки одеднаш, постепено се успоставува нова циркулација на енергија, а со тоа пациентот се враќа во нормална здраствена состојба и доаѓа до целосно оздравување.

Дали е Акупунктурата болна?

Акупунктурата е безболна, бдејќи во терапијата се користат доста тенки акупунктурни игри со дебелина на влакно, па со самиот убод, игличката не се осеќа.

Материјалот од кој се направени игличките е од материјал од кое е направено и златото, платината и др. За пациентите кои се плашат од игли, тука е терапијата на акупунктурните точки кои се утврдуваат со ласер, кој е целосно безболен, а исто така ефикасен.

akupunkturaКои болести ги лечи акупунктурата?

Акупунктурата лечи повеќе видови на болести, од помали па се до најтешките заболувања, како што е дијабетисот, астмата, високиот крвен притисок, болеста на срцето, бубрегот, црниот дроб и заболувања од рак.

Треба да се напомене дека при лечењето со акупунктура, пациентот нема потреба да зема голема колчина на лекови како во другите медицински методи.

Клучните предности на Акупунктурата
*Брзо и ефикасно лечење
*Нема потреба од хируршки интервенции
*Нема потреба од земање лекови

Prsti1

Ефектите од акупунктурата

Како куриозитет, но, исто така и како доказ за тоа како акупунктурата работи, на самите фотографии кои се направени со специјална камера, се прикажани снимени прсти кај пациент пред третманот со акупунктура.

Пациентот се жали на слабост, замор и несоница.

Prsti2

На првата фотографија се прикажани врвовите на прстите кај истиот пациент, по само една терапија со Акупунктура.

На фотографијата која се користи за споредба, се забележува како циркулацијата на енергијата се зголемува, а со тоа и опоравувањето на пациентот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top