Home / аларм / Ако заборавате да пиете вода – Не се чудете ако ви се случува ова

Ако заборавате да пиете вода – Не се чудете ако ви се случува ова

Сите зборуваат дека секој ден треба да пиеме околу 8 чаши обична вода. Со исклучок на дехидрацијата како директна последица од ова, ретко кој знае што всушност тоа значи за нашето тело.

Еве што се случува кога внесуваме помалку вода од потребната количина.

cesma voda11. Лошо се концентрираме

Истражувањето на Психијатрискиот институт на Колеџот Кинг во Лондон од 2011 година, покажа дека со намалено внесување на вода, се влијае на мног сиви клетки кои мораме да ги употребиме при решавање на некоја задача. Жедните испитаници морале повеќе да се потрудат за да ја решат поставената задача, за разлика од тие кои пиеле доволна количина на вода.

2. Побавно ги согоруваме калориите

Независното истражувањето на др. Хауард Мурад кое е печатено во неговата книга The Water Secret од 2010 година, покажало корелација меѓу брзината на работата на метаболизмот и количината на внесената вода. Калориите, секако побрзо согорувале во организми кои биле повеќе хидрирани. Докторот открил и дека водата ја измазнува кожата, спречува појава на брчки и го намалува бледилото на кожата на лицето.

3. Јадеме повеќе

Лица кои пијат две чаши вода пред оброк внесуваат 75 до 90 калории помалку, од лица кои не пијат вода. До овие резултати дошле истражувачите на американскиот Институт Public Health and Water Research, додека спроведувале истражување во 2010 година на полнолетни испитаници. Испитаниците кои пиеле вода покрај тоа изгубиле околу три килограми во тек на тримесечно испитување.

4. Полошо сме расположени

Истражувачите на американскиот Универзитет Туфтс во 2009 година замолиле веслачи мажи и жени да се препуштат на енергично едночасовно вежбање аеробик со мал внес на вода во тек на тренингот. Групата која внела мала количина на вода во организмот чувствувале класични симптоми на дехидрација како замор и лесна несвестица, а истражувачите забележале и чувство на лутина, депресија и напнатост.

5. Поподложни сме на болести

Дехидрацијата на телото ја намалува функционалноста на некои органи, но и на организмот во целина, па не чуди што недостигот на вода го поврзуваме со полесно заболување. Лица кои пијат малку вода, на пример, почесто развиваат проблеми со уринарните канали и бубрезите, од лица кои пијат соодветна количина на вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top