Загрејте 1 литар маслиново масло во сад на 40 Целзиусови степени. Во топлото масло додадете 50 грама сушена мајчина душичка сомелена во прав.
Садот со масло ставете го во друг поголем сад со врела вода и загревајте го мевлемот на пареа два часа, потоа тргнете го и оставете го да стои 12 часа.
Оладеното масло процедете го низ газа и оставете го да стои во фрижидер. Мевлемот потоа е подготвен за употреба.
Секоја вечер масирајте го ‘рбетот од долниот дел на грбот, па нагоре завршувајќи кај вратот. Дејството на овој мевлем е многу ефикасно.
Дури ако само ги масирате стапалата и рацете ќе се ослободите од раздразливост, од други симптоми на нервно растројство и многу подобро ќе се чувствувате.