На површината на јазикот има еден куп на бактерии, остатоци од храна , габи и мртви клетки. Јазикот треба да се чисти секојдневно за да се избегнат болести, а особено со првите симптоми на настинка или грип. На тој начин ќе се спречи нивното натамошно ширење и ќе се намалат симптомите на настинка или дури и ќе ја спречи.
На влажна четка за заби , натопете сода бикарбона и додадете малку паста за заби. Ако претходно не сте го правеле ова во почетокот е можно да имате мала иритација поради овој процес.
На почетокот чистете го само предниот дел на јазикот за да не ви биде непријатно , а потоа постепено и во средината и последниот дел (колку потемелно и длабоко толку подобро) .
Здрав јазик има розова еднаква боја. Препорачливо е површината на јазикот да се чисти секојдневно наутро и навечер. Иако постојат посебни четки за чистење јазик и четката за заби ќе биде доволна.
По завршување на постапката исплакнете ја устата со вода неколку пати со жабуркање на водата во уста. И не заборавајте да ја дезинфицирате четка пота со миење со сода, бидејќи бактериите може да се задржат на четкичката.
По неколку дена јазикот ќе биде чист и вашето чувство за вкус ќе се зголеми , бидејќи рецепторите во моментов се пренатрупани поради нередовно чистење.
На долг рок ќе се намали ризикот од многу болести , ретко ќе имате инфекции на грлото и белите дробови , ќе имате подобро чувство за вкус и здивот ќе биде свеж. Вашите заби и непца ќе бидат поздрави , бидејќи само четкање не е доволно ако поголемиот дел од овие исти бактерии ги има на јазикот.
Ve molam koji se procedurite za zaclenuvanje kaj vas.Go obožavam vašiot sajt i bi sakala redovno da gi dobijam vašite informaciji preku email.
so počit
Nafija
Ова е нашиот фејсбук профил Нафија – таму ги објавуваме редовно сите наши вест. Со лајкување на нашиот профил вестите ќе ги добивате секојдневно
https://www.facebook.com/Babinlek