Трагови на метали во млекото се најдени во некои од водечките производители на млеко за новороденчиња. Металите се неколку пати повисоки од она што е законски дозволено во водата. Производите во кои се пронајдени загрижувачки количини на алуминиум се Aptamil, Cow and Gate и Hipp Organic
Најмногу алуминиум е пронајден во млекото на база на соја, објавија лондонски медиуми.
Во анализата е потврдено дека млекото од соја за бебиња содржи и до 100 пати повеќе алуминиум од мајчиното млеко што може да предизвика здравствени проблеми во подоцнежниот развој.
Трагата на металите во млекото на некои од водечките производи во Велика Британија неколку пати се повисоки отколку што е законски дозволено. Производите во кои се пронајдени загрижувачки количини на алуминиум се се Aptamil, Cow and Gate и Hipp Organic.
Според истражувањата, кои се објавени во списанието BMC Pediatrics, алуминиумот се поврзува со невролошки нарушувања, коскени дефекти и деменција.
Производителите тврдат дека не додаваат алуминиум во прехранбените производи, но најчесто се спакувани во алуминиумска фолија, а можат да се најдат траги од алуминиум во храната која се обработува.
На пример, природно се наоѓа во растенијата од соја поради киселата почва каде што расте.
Експертите ги повикуваат производителите да го намалат процентот на алуминиум кој завршува во млекото за доенчиња, а родителите да ги купуваат производите без да се грижат.
“Знаеме многу за алуминиумот, но сѐ уште не знаме кои катастрофални последици тоа може да има врз човековото тело”, вели водечкиот истражувач Крис Ексли.
Тој додаде дека не може да разбере како тој метал во такви количини завршува во млекото.
/BMC Pediatrics/Daily Meil