Home / природен лек / Правете го ова на две недели и лицето ќе ви биде совршено чисто

Правете го ова на две недели и лицето ќе ви биде совршено чисто

Кожата на лицето речиси невозможно е совршено да се очисти со препаратите за чистење и миење, ама затоа пак тука е парењето лице, прастара метода на нега на која речиси потполно заборавивме.

steaming-1Руската водителка на МТВ Anita Bhoumik не потсети на методата на парење на лицето, благодарение на која има совршено чисто лице.

“За да ги отворите порите, главата ставете ја под крпа и над жешка вода во поголем садна, неколку минути. Но бидете внимателни, водата не смее да биде многу топла за да не се попарите. Потоа измијте го лицето. Ефектот е многу подобар отколку кога само се измивате, затоа што порите на овој начин се исчистени“, ја објасни Анита за Huffington Post методата која ја има научено од нејзиниот татко.

Парењето на лицето, и покрај технологиите и препаратите, дефинитивно се задржа како многу важна метода на нега, а ја користеле уште и старите Римјани.

Предностите се бројни – отвора пори, ги отстранува мртвите ќелии, помага против акни и проблематичен тен и ја поправа циркулацијата.

Затоа, најмалку на две недели, исчистете го лицето со парење и тоа на следниов начин:

– Лицето прво исчистете го од нечистотијата и шминката на вообичаен начин.

– Извриена вода истурете во поголем сад и над неа наднесете го лицето (секако не преблиску за да не се попарите)

– Преку главата ставете поголем пешкир.

– Останете така неколку минути.

– Ако сакате можете водата да ја “зачините“ со некој чај за смирување, како што е на пример камилица.

– Потоа измијте се добро со обична ладна вода и нанесете крема.

ВНИМАНИЕ

Ако боледувате од болести на кожа кои предизвикуваат црвенило, ако кожата ви е склона кон црвенило или имате почувствителни капилари, немојте да применувате парење на лицето. Исто така, ако при парењето почувствувате каква и да е непријатност, веднаш сопрете ја постапката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top