Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од малигните заболувања во светск ирамки. Експерти советуваат – ако веќе не можете да ги откажете цигарите кои се лоша и штетна навика, постои храна која може да го намали ризикот за заболување од рак на белите дробови. Односно, тоа се производи кои ги чистат белите дробови од катран и никотин.
Значи, ако веќе уживате во чадот од цигарите, обидете се да консумирате пченка, бидејќи таа содржи бета-криптоксантин , што е моќен антиоксидант.
И беиот и виолетов кромид содржат соединенија кои имаат анти-канцер ефекти и ги штитат белите дробови од инфекција. Интересно е дека кај луѓето кои веќе имаат рак, го спречуваат развојот на нови малигни клетки.
Пиењето на чај од ѓумбир ќе го олесни дишењето, а портокалите исто така содржат криптоксантин кои превентивно делуваат против ракот на белите дробови.
Исто така се препорачува и коприва и чај од борови иглички.