Home / аларм / Родители внимавајте какви играчки купувате – опасни хемикалии и отрови во нив

Родители внимавајте какви играчки купувате – опасни хемикалии и отрови во нив

Неодамнешна истрага предупредува дека за време на празничната сезона, родителите треба да бидат внимателни при изборот на играчки за нивните деца.

otrovni igracki1Бил направен заеднички истражувачки проект од истражувачи од повеќе земји, кој покажал дека на 29 отсто од тестираните играчки, истите содржат токсични елементи.Вкупно 569 играчки биле тестирани за шест тешки метали, антимон, жива, арсен, олово, кадмиум и хром. Истражувачите откриле загаденост на 164 играчки, односно 29 проценти. Истражувањето било спорведено во шест источноевропски и азиски земји, вклучувајќи ја Украина, Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан и Киргистан.

Тест субјектите биле избрани по случаен избор од играчки кои биле на располагање во овие земји. Поголем дел од играчките потекнувале од Кина.
Резултатите покажале дека оловото е најчест токсин, односно пронајден е во 18 проценти од испитаните играчки. Тринаесет отсто од играчките содржат антимон, додека осум отсто содржат арсен и три проценти жива.

Речиси 80 проценти од избраните играчки потекнуваат од Кина, останатите 20 кои содржат токсични елементи се произведени во Германија, Италија, Грција и Чешка.
Од резултатите може да се донесе заклучок дека само 71 процент од играчките се чисти“, изјавил екологот Олга Тсугулуова, која зема учество во истражувањето.

otrovni igracki
Таа вели дека токсичните играчки се штетни, не само кога децата ги ставаат во уста или пак да е пострашно да ги голтнат, туку и при едноставен допир. Површината на играчките исто така може да содржи токсични честички.
Родителите треба да бидат внимателни во изборот на играчки, при што треба да се избегнува купување на производи со светли бои или силна миризба. Небезбедните играчки се штетни не само по здравјето на децата, но исто така и по животната средина при ослободувањето на токсичните метали кои постепено навлегуваат во почвата и подземните води.

Овој проблем е особено сериозен во земјите без развиена рециклажа и сортирање на отпад, како што е Украина.
Екологистите советуваат дека родителите треба да ги проверуваат играчките дали имаат квалитетна марка при купувањето. Треба да се бараат исклучиво ISO 9000, ISO 14000, или играчки на кои ја има ознаката „CE“, односно продукти кои што се произведени во ЕУ. Квалитетот може да се разликува од земја во земја.

otrovni igracki2
Родителите исто така може да побараат трговците на мало да ги покажат придружните документи за играчките како што се сертификатите за квалитет. Според законите во многу земји, корисниците имаат право да бараат информации за производите.
Трговците исто така бараат да им се даде одреден квалитет на гаранција. Олекси Шумило директорот на украинската еколошка организација, велат дека потрошувачите придонесуваат за производството на слабо квалитетни производи, кога купуваат од нерегулирани места.
„На пример кога ќе излезете на метро станица, ќе купите од некој кој што продава на самото место, а притоа немате време да поминете во продавница за играчки. Доколку го купите ваквиот производ од места кои не се проверени вие сте неодговорен родител“, вели Шумило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top