Гравот е суперхрана
Едноставно, гравот е нутритивно суперхрана. Тој е еден од најдобрите растителни извори на протеини, сиромашен е со калории, масти и со натриум.
Од минералите, гравот содржи бакар, железо, фосфор, манган, магнезиум, а е добар извор и на калциум и на цинк.
Од витамините, гравот е одличен извор на фолна киселина, тиамин, на витамините Б6, Б2 и Б3 и на витаминот К.
Еден оброк со грав ги обновува резервите со железо и со манган и на тој начин се зголемуваат енергијата и антиоксидативната заштита на организмот.
Во народната медицина, мешунките од гравот се употребуваат како лек против шеќерната болест. Намалувањето на шеќерот во крвта е и експериментално, клинички докажано. Тие дејствуваат и диуретично. Мешунките се употребуваат и против воспаленија на мочните патишта.
А, зошто не е добар?
На лицата кои имаат проблеми со варењето, гравот може да им биде претежок продукт, па е препорака пасираниот грав, на кој му е отстранета лушпата богата со пектин, да се зачини со ким, оригано или со мајчина душица, кои го намалуваат дуењето на стомакот.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes