Што е парализа во спиењето?
Психологот Кристофер Френч од Голдсмитс Колеџот во Лондон ги објаснува: Нападите од демоните, посетата на духови и киднапирањето од страна на вонезмјани: некои луѓе се сигурни дека ги искусиле овие случувања. Тие веројатно се дел од многуте жртви кои веројатно имале епизода на парализа во спиењето.
Парализа во спиењето е моментална неможност на личноста да ги мрда екстремитетите, трупот и главата и ако за сè е свесна, може да се појави кога некој заспие или уште поретко кога ќе се пробуди. За време на парадоксалното спиење (REM фаза, rapid eye movement) мускулите на телото се парализирани, веројатно за да го спречи човекот физички да го доживее сонот.
Истражувачите не се сигурно зошто ваквата нормална парализа се јавува и во свесна состојба кај жртвите на парализа во спиењето, но психофизиолошките истражувања потврдуваат дека нападите веројатно се случуваат кога личноста ќе влезе во REM состојба наскоро откако легнала, прескокнувајќи ја фазата на non-REM спиењето која се одвива пред неа.
Останатите фактори кои влијааат врз парализата на спиење е заспивање лежејќи на грб, чувство на стрес или отстапување од вообичаениот ритам на спиење, поради работа, кофеин или алкохол.
Иако парализата во спиењето е симптом на нарколепсијата, често се појавува и кај здравите луѓе. Анкетите од разни земји покажуваат широка распространетост на проценките: помеѓу 20 и 60% од нормалната возрасна популација доживеала парализа во спиењето барем еднаш во животот.
Околу 5% од популацијата почувствувала еден или повеќе вознемирувачки симптоми поврзани со пореметувањето. Најчестите ефекти вклучуваат визуелна халуцинација, како што се сенки и светлина или човечки и животински облици во собата, слушаат гласови или звуци.
Луѓето исто така често чувствуваат притисок на градите и имаат потешкотии во дишењето.
Причина поради која парализирата во спиењето може да се објасни со духови и вонземјани е тоа силно чувство на присуство, обично безопасно, кое жртвите го искусуваат за време на нападаите. Исто така споменуваат необични кинестетички чувства, како на пример чувството дека некој ги влече од креветот, вибрирање, летање и паѓање. Ваквите епизоди понекогаш може да доведат до чувство дека сте надвор од вашето тело. Парализата во спиењето може да биде застрашувачка, но никогаш не е опасна, и за среќа, епизодите обично траат неколку секунди.
Извор – Факултети.мк