Home / алтернативна медицина / Еве како сами да се тестирате дали и на што сте алергични

Еве како сами да се тестирате дали и на што сте алергични

Концептот и терминот алергија е измислен од виенскиот педијатар Клеменс фон Пиркет во 1906 година. Доктор Клеменс увидел дека физичките реакции на неговите пациенти се поврзани со надворешни алергени, како прашина , полен, или одредени видови храна.

HRANA_ALERGI-300x196Во последно време се поголем е бројот на луѓе кои имаат проблем со алергии, а често за тоа не се свесни.

Некои од следниве состојби често се предизвикани токму од алергии на храна меѓу кои се дебелината, дигестивните проблеми, замор, вртоглавица, висок крвен притисок, депресија, астма, запек, анксиозност, мигрена, итн .

Пред да одлучите за комплицирани и скапи тестирање на храна и алергени, обидете се со овој едноставен алерго тест кој може да го направите дома.

PULS_SLIKA-227x300Тестот се однесува на храна и пијалок. Препорачливо е за време на тестот да не сте под психички притисок, а исто така, од суштинско значење е да сте целосно здрави без настинки, инфекции и други проблеми.

Важно е да не сте јаделе неколку часа пред тестот. Затоа, најдобро е да го направите тестот наутро пред појадок или кафе. За време на тестот потребен ви е часовник со секундарник и по еден залак од храната на која се сомневате дека сте алергични. Потребно е да седнете удобно и целосно да се опуштите.

Како точно да го направите тестот

По 5 минути мирување измерете го вашиот пулс во траење од 60 секунди. Пулсот најдобро е да го мерите на зглобот на раката. По 60 секунди, запишете ја точната вредност на измерениот пулс. Повторно смирете се и потоа земете многу мал залак на храна која сакате да ја тестирате. Залакот држете го во уста, а може и да го џвакате повремено во зависност од видот на храната. По 60 секунди кога добро ќе ја почувствувате храната повторно измерете го пулсот за 60 секунди. За цело време залакот нека ви биде во уста. Потрудете се сето ова да го правите без физички напор односно се што ви терба нека ви биде при прака. Доколку станувате или нагло се помрднувате, тоа ќе влијае на срцето и на тој начин ќе се расипат резултатите од тестот. Кога повторно ќе го измерите пулсот со храна во вашата уста, исплукајте ја храната и исплакнете ја устата со вода. Споредете го резултатот пред и по метењето, доколку отчукувањата на срцето се зголемени за 5 или повеќе отчукувања во секунда, може да запишете дека сте потенцијално алергични на таа храна. Храната која ја тестирате никако немојте да ја голтате.

Истото тестирање може да го направите и со друга храна. Забележаните резултати чувајте ги, а тестирањето повторете го и следниот ден со истата храна. Ако во два наврата вашето тело реагира со зголемување на отчукувањата на срцето, голема е веројатноста дека сте алергични на таа храна. Храната која ја тестирате немојте да ја мешате, односно да земате по неколку залаци од различна храна во исто време. Потрудете се кога се тестирате да немате во близина телефони или деца кои ќе ве вознемируваат затоа што надворешните влијанија може да го подигнат пулсот за неколку откучувања.

Ако сте пушач, немојте да пушите најмалку 2 часа пред тестирањето затоа што цигарите го зголемуваат отчукувањето на срцето и до 10 отчукувања во минута.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top