Home / Болести и лечење / Симптоми дека нешто не е во ред со вашите хормони

Симптоми дека нешто не е во ред со вашите хормони

Хормоналната рамнотежа е еден од најбитните фактори за добро здравје. Луѓето кои страдаат од хормонален дисбаланс, можат да боледуваат од низа болести кои ќе им го отежнат животот.

hormoniotrkiveanje231. Постојан умор

Кога нивото на хормони е ниско, еден од најјасните симптоми е постојаниот умор. Без оглед на тоа колку долго спиете, секогаш се чувствувате изморено… Затоа, доколку во текот не целиот ден се проѕевате и ви се чини дека би можеле да заспиете било кога и било каде, проверете го нивото на хормони.

2. Ноќно потење

Ноќното потење е еден од најлошите симптоми за хормонски дисбаланс. Ноќното потење ќе исчезне кога хормоните ќе се регулираат.

3. Промени на кожата

Неодамна забележавте дека повторно имате осип и црвенило на прстите? Најверојатно страдате од хормонски дисбаланс. Ова е еден од јасните и најлесно препознатливите симптоми.

4. Промени на косата

Доколку забележите дека нешто не чини со вашата коса, тогаш хормоните се главен виновник за тоа. Но, освен косата и другите влакна на телото реагираат на хормонскиот дисбаланс. Ако забележите дека ви растат влакна на места каде што ниаку ги немало досега и тоа е знак за нарушување. Исто така овој проблем предизвикува промени на дебелината на влакната на темето – потенки се.

5. Нередовен циклус

Ако вашиот месечен циклус доаѓа во непредвидено време, подранува или доцни – проверете го нивото на хормони.

6. Емоционални проблеми

Брановите на добро и лошо расположение, кои доаѓаат и заминуваат без некоја посебна причина, можат да бидат последица од хормонски дисбаланс.

7. Метаболизам

Ако не можете да ги загубите килограмите без оглед на тоа колку јадете, проблем можат да бидат хормоните. Но, внимавајте: хормоните можат да бидат виновници и доколку нагло ја загубите тежината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top