Home / Болести и лечење / На вашето срце не му е сеедно каде живеете – еве што му пречи

На вашето срце не му е сеедно каде живеете – еве што му пречи

Животот во близина на улица на која се одвива густ сообраќај е поврзан со зголемен ризик за висок крвен притисок, сугерира истражување кое е спроведено врз 5.400 испитаника.

srce3333Американските научници од Универзитетот Браун дошле до заклучок дека учесниците кои биле дел од ова истражување и кои живееле до 100 метра од патот каде се одвива густ сообраќај, имаат просечно за 22 отсто зголемен ризик за висок крвен притисок.

Како што пишува Journal of the American Heart Association, таквите заклучоци можат да се објаснат како последица од изложеноста на издувни гасови од автомобилите и бучавата која е предизвикана од самиот густ сообраќај.

Одредени поранешни студии веќе ја поврзаа изложеноста на загадување кое е предизвикано од густ сообраќај со зголем ризик за срцеви болести.

Исто така, изложеноста на хронична бучава е познат фактор за ризик за добивање на висок крвен притисок кој пак е еден од главните фактори кои се поврзани со инфаркт, мозочен удар, срцеви и бубрежни пореметувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top