Ако сакате да ја намалите видливоста на вашите дамки, лузни и стрии, обидете се со овие 5 природни борци.
АЛОЕ ВЕРА
Многу моќна билка која успева да продре во најдлабоките слоеви на ткивото, делува антибактериски, го забрзува заздравувањето на рани и изгореници, го стимулира производството на нови клетки на кожата. Ја смирува и ја навлажнува кожата.
Примена: Скинете парче лист од Алое Вера и со сокот од листот намачкајте ја лузната. Оставете да се исуши и немојте да ја миете кожата на истото место. Со сокот може да ги намачкате било кои суви делови од вашата кожа. Нема проблем да се става и на лице.
КОКОСОВО МАСЛО
Масните киселини од ова масло претставуваат силен антиоксиданс. Маслото има антибактериско дејство, лекува воспаленија на кожа, ја обновува и ја штити кожата од бактерии и делува превентивно против стрии.
Примена: Секој ден нанесете го маслото на оштетеното место на кожата.
СОК ОД МОРКОВ
Морковот е полн со витамин А, кој поттикнува зараснување на рани и лузни, и витамин Ц, кој служи за негување и хранење на кожата. Каротенот во морковот ја одржува кожата во здрава форма, а и дава и свежина.
Примена: Измешајте сок од морков со 1 лажичка морска сол и нежно масирајте со течноста на лузната. Оставете да се исуши и измијте со топла вода.
МАСЛО ВИТАМИН Е
Дејствува како антиоксиданс, кој спречува формирање на бактерии на кожата и го забавува процесот на стареење на лицето. Содржи анти-воспалителни својства и е многу ефикасно за изгореници, лузни и стрии.
Примена: Нанесете го маслото на оштетената кожа и оставете го да се впие. Наместо масло, можете да користите и витамин Е во капсули.
Ја хидратизира, ја освежува и ја храни кожата. Ги намалува стриите, црвенилата на кожата и испуканите капилари. Брзо продира во кожата, ја тонизира, ја затегнува и на тој начин ја одржува нејзината еластичност и цврстина.
Примена: Секој ден со маслото намачкајте се на површината на оштетената кожа и оставете да се впие.