Home / природен лек / 12 трикови како да заспиете на жешково

12 трикови како да заспиете на жешково

Не сте единствени, токму поради високите температури квалитетниот и цврст сон многу тешко се остварува.

Но, со овие 12 правила ќе успеете да си го вратите мирниот и цврст сон:

spieОставете воздухот да струи

Ставете вентилатор наспроти прозорот, а потоа затворете го окното и создадете вештачка провев. Ова направете го непосредно пред да си легнете.

Користите тенки чаршафи

Нека обичниот покривач ви послужи како јорган. Внимавајте на ткаенината: памукот и ленот се материјали кој и овозможуваат на кожата да дише.

Ладна перница

Својата голема и мека перница, заменете ја со некоја помала и цврста, раскошните и меки перници само ја впиваат топлината од главата.

Удобноста пред се!

Ако спиете облечени, одберете лесна и памучна маичка, по можност на прерамки и парем еден број поголема од вашиот конфекциски број.

Водена коса

Ова е строго забрането на зима, но во лето водената коса може да ви помогне во споравување со високите температури.

Ладен термос

Наполнете го термосот, или пак доколку немате термос, наполнете обично пластично шише со ладна вода. Ставете ја во вашиот кревет и разладете се.

Нозете ја ладат главата

Пред да си легнете, натопете ги стапалата во лана вода. Акупунктурите точки на стапалата се поврзани се внатрешните органи, а со ова ќе го разладите телото.

Провев

Пред отворен прозор ставете голем воден чаршав. Така во вашата соба ќе влегува лаен воздух.

Египетско спиење

Замотајте се со влажен чаршав и направете како Египќаните. Легендите велат дека на тој начин древните Египќани се ладеле во топлите ноќи.

Стратешка храна

Пред спиење никако не е добро да се прејадете, бидејќи тоа го успорува вашиот метаболизам, кој вас дополнително ве грее. Ако сте гладни, изедете помал оброк.

Ниско и уште пониско

Спијте на што е можно пониско ниво, па дури ставете го душекот на под. Колку сте пониско, толку вам ќе ви биде поладно.

Употребите лежалка за на плажа

Подлогите од трска можеби не се најудобни, но се многу поладни и овозможуваат проток на воздухот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top