Home / нови лекови / Србија ќе ја користи кубанска вакцина за рак на белите дробови

Србија ќе ја користи кубанска вакцина за рак на белите дробови

Кубанскиот лек „CimaVax EGF“ го спречува напредокот на ракот и го доведува на ниво на хронично заболување.

vakcina500wДелегација на српското Министерство за здравство вчера се врати од Куба каде, според сознанија на весникот „Вечерње новости“, биле договорени сите детали за соработка меѓу двете земји за дистрибуција на кубанската вакцина против рак во Србија.

Треба уште да се дефинира и потпише меѓудржавен договор со кој Србија  ќе има право да ја пушти во употреба вакцината за која во последните години се зборува во светот како за голем пробив во борбата против канцер.

Планирано е се да заврши во текот на летото, па реално е примената на вакцината да започне во септември.

Кубанскиот лек „CimaVax EGF“ е терапија која се применува во поодмината фаза од рак на белите дробови. Искуствата покажуваат дека овој препарат ја спречува прогресијата на болеста, го продолжува животот на пациентот, или го доведува организмот во состојба да функционира како да станува збор за хронично заболување со кое може да се живее.

Србија и Куба договориле и увоз на лек за дијабетско стапало, кој покажал висок процент на лекување и дава одлични резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top