Роибос (или црвена грмушка) е африканско растение кое расте исклучиво во ЈАР. Листовите оксидираат сѐ додека не добијат црвенкасто-костенлива боја. понекогаш се нарекува “црвен чај”.
Во јужноафриканската традиционална медицина се вели дека една чаша чај од роибос дневно, црвен чај без кофеин и со ниско ниво на танин кој потекнува од регионот на малата планина Седарберг, ја спречува појавувата на егземи, псоријазата и осипите. Западната наука ја дава својата поддршка кон ова тврдење, покажувајќи во скорешните истражувања дека аспалатинот, еден од флаваноидите присутни во овој чај, помага во заштитата на кожата од воспалување и од оштетување поврзано со стареење.
Здравствени придобивки:
- богат со витамини и минерали;(бакар, железо, натриум, калциум, цинк и магнезиум)
- помага во контролата на алергиите;
- одличен во борбата со настинките;
- одличен за кожата и нејзината текстура;
- помага во подобрувањето на варењето на храната;
- природно не содржи кофеин.
- Го потпомага имуниот систем, ја подобрува општата телесна благосостојба
- Помага при стомачни грчеви
- Олеснува иритации и алергии
- Одличен за деца, трудници и возрасни
Рооибос соджи анти-оксиданси кои го забавуваат процесот на стареење и го зајакнуваат имуниот систем, срцето и крвните садови.. делотворен и при несоници, главоболки, ублажува нервоза и тензија, а помага и во третман на иритирана кожа и алергии (егзема и астма).
Тој содржи и анти спазмодични агенси кои имаат позитивен ефект врз црниот дроб и дигестивниот систем и помагаат при стомачни грчеви кај малите деца .
Рооибос чаевите можат да се пијат топли или ладни и добро се мешаат со голем број на ароми
Јужноафриканците со генерации вареле роибос, уживајќи во енергичната црвена верзија на чајот позната во САД, но исто така и во помладиот зелен роибос. Локалните жители користат и сапуни и лосиони од овој чај, а за посериозните кожни состојби болниците нудат бањи со роибос.
За разлика од црниот чај, роибосот не содржи кофеин, што го прави прикладен за конзумирање во текот на целиот ден, а особено за оние кои патат од несоница, стрес и напнатост.
Со оглед на тоа што е природен лек, не е потребен дополнително шеќер.
Обидете се да замените една шолја црно кафе со овој чај и можете да рачунате на 3,41 килограм помалку за една година. Некои го користат дури и за коктели.