Без препорака од вашиот лекар не можете да земете антибиотик но посотјат природни антибиотици кои се ефектни и за кој не ви е потребна рецепта.
Ехинацеа
Оваа билка била користена стотици години наназад како лековита билка при инфективни заболувања. Традиционално се користела за третман на отворени рани, дифтерија и слични состојби.
Денес, оваа моќно растение се користи за третман на настинки и грип и има моќ да уништи патогени бактерии дури и Стафилокока. Ехинацеата е и имуностимулатор со посебни својства.
Масло од оригано
Овој антибиотик е доста моќен и има една друга позитивна страна, не ги уништува корисните бактерии кои живеат во симбиоза со нас. Има и антивирално и антифунгално дејство. Главното антимикробно дејство во ова масло се должи на состојката карвакрол. Кога барате ваков препарат, бидете сигурни дека сте го земале оној кој содржи најмалку 70 % карвакрол.
Сребро
Среброто е познато како моќен антибиотик со векови. Има моќ да уништи и најотпорни бактерии.
Лук
И овој зеленчук има антибактериска, антивирална и антифунгална моќ. Исто така е моќен антиоксиданс, во себе го содржи германиумот во голема количина. Главната компонента алицин, е лековитата супстанца на овој антибиотик. Доколку не можете да го конзумирате сиров, тогаш оваа информација добро ќе ви дојде. Денес во аптеките може да најдете концентрат од алицин во форма на тинктура или капсули.