Американски научници развија домашен тест втемелен на анализа на примероците на столицата која открива рак на дебелото црево со 92 проценти точност.
Тестот развиен во Маунт Синај болницата во Њујорк вклучува анализа на ДНК присутна во примерокот на столицата, што го издвојува од веќе постоечките неинвазивни тестови за рак на дебелото црево.
Таквите тестови се потпираат само на откривање на присутноста на крв во столицата, па со нив ракот на дебело црево се открива со околу 74 проценти точност.
Податоците за ефикасноста на новиот тест што ги објави „New England Journal of Medicine“ се собрани од речиси 10.000 испитаници постари од 50 години.