Мал робот кој од докторите се употребува за хируршки зафат со мининална штета е снимен како ја шие кожинката на зрно грозје во текот на неверојатно деликатна операција. Роботот е дел од хируршкиот систем Да Винчи, кој хирурзите почнале да го употребуваат за хистероктомии и отстранување на жолчката.
Тој функционира на принцип на далечинско управување од страна на специјалистот и може да извршува сложени задачи како врзување јазли и прецизно местење на кожата за време на процесот на шиење. Видеото ја прикажува неверојатната прецизност на роботот, но на крајот на видеото дополнително ќе бидете запрепастени од фактот дека операцијата се изведува во внатрешноста на мало шише.
Со помош на оваа технологија хирурзите ќе можат да изведуваат оперативни зафати низ мали отвори, наместо да се прават големи засеци во телото на пациентот. Овој систем чини два милиони долари, а годишното одржување на истиот ќе чини повеќе од 100.000 долари.